
Кога велиме дека ние бевме домаќини на Зимските олимписки игри, мислиме на заедничката држава Југославија од чии дел беше и Македонија.
Зимските олимписки игри во далечната 1984-та година се одржале во Сараево. Во време кога овој празник на зимскиот спорт е многу актуелен во Кина, ние се потсетуваме како тоа изгледаше во тогашна Југославија.

Извор: © 1984 / COMITÉ INTERNATIONAL OLYMPIQUE (CIO)
Интересно е што во 1977 година веќе било познато дека Југославија ќе се кандидира да биде домаќин на Зимските олимписки игри 1984. Во тој момент „белата олимпијада“ имале желба да ја организираат и Франција, Јапонија, Шведска, Чехословачка и Југославија. Меѓу сите овие спортски великани победила тогашна Југославија.
Интересно е што со поднесувањето на кандидатурата Југославија малку и задоцнила, па го замолиле Олимпискиот комитет да го продолжи рокот за апликација на што комитетот одговорил позитивно. Владата на тогашна Југославија дала и специјална гаранција на организаторите на ЗОИ што било поголема поткрепа за тогашната организација.

Извор: © 1984 / COMITÉ INTERNATIONAL OLYMPIQUE (CIO)
Откако ја поднеле кандидатурата следувале инспекции од страна на Олимпискиот комитет за да се уверат дека сето тоа што е напишано во кандидатурата е вистинито. Сето тоа траело до 18 мај 1977 година кога Меѓународниот Олимписки Комитет во Атина ја донел конечната одука. Официјалните зборови биле:
Тогаш започнала градежната офанзива со која сите објекти за ЗОИ 84 биле завршени есента 1982 година.
На Олимпискиот стадион Кошево точно во 14.30 часот фанфари го означиле почетокот. Олимпискиот оган го запалила спортистката Санда Дубравчиќ. Натпреварите започнале ден претходно со порака од градоначалниците на Сараево и на Лос Анџелес.
ЗОИ траеле до 19 февруари, а учествувале 49 земји и 1437 спортисти. Настанот го следеле 7825 новинари од 760 новински редакции. Настанот го гледале близу 700.000 гледачи.