ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.11.2021
Дали ќе се пронајде лек против Ковид-19?
Автор: Goce Author

Министерството за здравство на Русија  издаде дозвола на американската фармацевтска компанија „Фајзер“ да спроведе клинички испитувања на антивирусни лекови против ковид-19 во Русија.

Станува збор за лекот (Paxlovid) кој претставува инхибитор на ензимот протеаза плус ритонавир. Лекот ќе биде разработен од  американската компанија и ќе служи за превенција од коронавирус и за директен третман на пациенти со висок или среден ризик од тешка болест. Фајзер спроведува тестирање на лекот на глобално ниво.

Прочитајте и: Во светот се администрирани повеќе од 7 милијарди дози од вакцините против Ковид 19

Истражувањата започнаа на 12 ноември и ќе траат до март 2023 година. Лекот ќе се тестира врз полнолетни Руси кои биле во контакт со 19 заразени лица. Тестирањето ќе се врши во 16 клиники во осум руски региони, а на нив ќе бидат ангажирани 90 лица. Во тестирањето на лекот ќе учествуваат вкупно 7.000 луѓе од различни земји во светот.

Компанијата Фајзер на почетокот на овој месец соопшти дека експерименталната антивирусна пилула ги намалила шансите за хоспитализација или смрт кај возрасните во ризик за 89 отсто, изразувајќи надеж дека новата пилула Паксловид ќе стане глобално достапна што е можно поскоро. Исто така, беше прецизирано дека лекот може да се користи при појава на првите симптоми на корона вирусот или по контакт со пациентот без потреба од хоспитализација.

Секој граѓанин должи 4000 евра, а има заштедено 5400 евра – во просек
70% од средношколците се запишани во стручни училишта