Дамјан Давков освои златен медал на Интернационалната математичка олимпијада која се одржува во Чиба, Јапонија. Македонската репрезентација постигна одличен иуспех, со освојување на по еден златен, два сребрени и два бронзени медали.
Фото: FB Сојуз на математичари на Македонија
Оваа информација ја објави Сојузот на математичари на Македонија, оценувајки дека тоа е голем успех. Ова е инаку прв златен медал за Макеоднија на математичките олимпијади. Исто така, ова претставува надминување на резултатите од претходните олимпијади. Во 2021 во Санкт Петербург , сребро и две бронзи, а во 2022 во Осло, две сребра и две бронзи
„На 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) – најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, која годинава се одржува од 2.07-13.07.2023 година во Чиба, Јапонија – македонската репрезентација постигна одличен успех!“ – објавија од СММ.
Еве ги освојувачите на медали:
Дамјан Давков (златен медал; со освоени 32 поени)
Алексиј Тасиќ (сребрен медал; со освоени 25 поени)
Никола Цветановски (бронзен медал; со освоени 23 поени)
Никола Спировски (бронзен медал; со освоени 19 поени)
Јан Стојановски (пофалница; со освоени 17 поени)
Бранко Јангеловски (пофалница; со освоени 11 поени)
Можеби ќе ве интересира