ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
01.12.2022
Дарко Влогс за борбата со анксиозноста и паничните напади

Анксиозноста е состојба која што многу често анксиозните личности ја премолчуваат од страв дека нема да бидат разбрани. Во САД анксиозноста е најчест проблем на менталното здравје. Според Здружението за анксиозност и депресија на Америка (ADAA), таа влијае на над 40 милиони луѓе во Соединетите држави на возраст над 18 години – тоа е околу 19% од населението. Вакви статистики за жал не се правени во Македонија.

Се’ почесто и младите кај нас се соочуваат со анксиозност. Поразговаравме со Дарко Влогс кој што ни ја раскажа неговата борба со анксиозноста.

 

Ја запознав мојата прва жена на брод и ме убеди да одиме во Америка. По два месеци сфатив дека живеам со патолошки лажго. Беше избкрана од својот дом, а јас не знаев што да правам со себе. Три кутии цигари на ден, многу алкохол и панични напади, беа моето секојдневие…“, ја започнува Дарко Влогс својата приказна.

Дарко бил оставен сам на себе и не знаел што да прави со сопствениот живот. Без здравствено осигурување и ниедна блиска личност околу себе, сфаќа дека проблемите кои постојано го измачуваат го носат во правец каде што нема излез.

Почнав да се прашувам што ќе правам. Дали да се вратам во Македонија и што да им кажам на моите дома. Што да кажам на другарите кога ќе ме прашаат зошто ме остави жената. Немав здравствено осигурување и се гушев во собата во која што живеев, но не сакав да им бидам товар на родителите на мојата поранешна сопруга…

Дарко сам почнал да го бара излезот

„Почнав да играм „Dota“. Препуштен сам на себе, без да знам што да правам во животот, ми текна дека во студентските денови играв „Dota“. Решение за анксиозноста е да си најдеш занимација која ќе те натера да не мислиш на проблемите и на она што ти се случува. Играв цели 6 месеци и паничните напади се намалија.“, вели Дарко.

Не може секој сам да се избори со анксиозноста…

По шест месеци, Дарко добива работна дозвола и возачка дозвола и денеска работи и живее во Америка со неговата сопруга Даниела. Почнува да вложува во себе и да го прави тоа што го сака. Неговата борба се уште трае, но менталното здравје му е значително подобро благодарение на тоа што прифатил дека има проблем и почнал да работи на него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🥷Darko Vlogs📺 (@darkovlogs)

Последиците од анксиозноста се трајни. Иако многу луѓе успеваат да се изборат со неа, сепак Дарко вели дека се уште има проблеми со комуникацијата која е вербална и му е полесно да пишува и да комуницира. Бегањето од гужви и затворени простори е последица која ја имаат голем број луѓе кои се борат или некогаш се бореле со овој проблем.

На видеото кое што е објавено на Инстаграм профилот на Дарко, сведоци сме дека многу млади се соочуваат со оваа проблематика. Погледнете дел од нив.

Фото: Принтскрин од Инстаграм профилот на Дарко Влогс

Фото: Принтскрин од Инстаграм профилот на Дарко Влогс

Фото: Принтскрин од Инстаграм профилот на Дарко Влогс

Фото: Принтскрин од Инстаграм профилот на Дарко Влогс

Доколку почувствувате дека имате било какви значи на анксиозност, не ги премолчувајте. Анксиозноста е состојба со која што треба и можете да се изборите.

(Колумна) Дали имате страв од пропуштање (FOMO)?
(Колумна) Детскиот карцином – најтешката борба што можете да ја замислите!