ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.02.2022
Децата најчести жртви на трговија со луѓе

Во државава минатата година биле идентификувани 48 жртви на трговија со луѓе, од кои 39 по потекло од Тајван, а останатите девет биле деца.

Ова го објави заменик-народниот правобранител Јован Андоновски на онлајн-конференцијата по повод Европскиот ден на жртвите од криминал, 22 февруари, во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“. Од деветте жртви на трговија со луѓе од земјава, три се деца од Скопје, две возрасни лица од Велес, една постара жртва од Русија и по едно дете од Куманово, Кичево и Прилеп.

„ Жртвите претежно се женски со исклучок на едно машко дете. Местото на експлоатација на овие девет жртви се различни локации низ повеќе градови на територијата на земјава. Конкретно, во Скопје едно лице, едно лице во скопскиот регион и по едно лице во Прилеп, Струга, Велес и Гостивар. Исто така, во текот на 2021 година идентификувани се и две наши државјанки кои биле експлоатирани во Белгија и БиХ. Во однос на родова застапеност, повеќето жртви се жени или девојчиња, кои најчесто се жртви на двојна, комбинирана експлоатација – сексуално искористување и трудова експлоатација. Во изминатата деценија, за одбележување е континуирана појава на договорни или присилни бракови кај децата, која продолжува“, посочи Андоновски. Тој додаде дека народниот правобранител во функција на Национален известувач за трговија со луѓе илегална миграција констатира дека проактивно идентификување на жртви на трговија со луѓе во РСМ е клучен предизвик, бидејќи само идентификуваната жртва можно е да се здобијат со ефективна и ефикасна заштита и да се спречи и нивна понатамошна ревиктимицазија.

Јован Андоновски

„ Адекватната заштита на жртвите на трговија со луѓе подразбира сеопфатени итни и долготрајни услуги како што се: безбедно сместување, медицинска и правна помош, пристап до образование, вработување, доквалификација, домување итн, рече Андоновски. Тој истакна дека во однос на формите на експлоатација во најголем дел се работи за сексуална експлоатација, која најчесто се врши во угостителски објекти и ноќни клубови, потоа трудовата експлоатација која се врши преку присилна работа во угостителските објекти, комбинирана со сексуална експлоатација, и трудова експлоатација за потребите во земјоделието, сточарството и преку присилно питачење, како и присилните бракови како форма на експлоатација кои истовремено се комбинирани со сексуална и трудова експлоатација“.

Во однос на профилот на жртвите, податоците покажуваат дека најчесто се работи за женски деца од ранливите категории, кои станале жртви на трговија поттикнати од различни општествени, економски и социјални фактори, како: сиромаштијата, половата дискриминација, семејното насилство и други лични состојби на жртвата, како што е возраста, здравствената состојба, посебни потреби. Андоновски препорачува дека треба да се работи на подигнување на јавната свест, при што се неопходни континуирани кампањи и медиумска покриеност и инфомирање на граѓаните преку социјалните мрежи, со цел граѓаните полесно да препознаваат шеми за трговија со луѓе или илегална имиграција.

Извршната директорка на Хелсиншки комитет за човекови права, Уранија Пировска, рече дека Комитетот директно не работи со жртвите на трговија со луѓе, туку ранливи категории потенцијални жртви на трговија со луѓе. Таа посочи дека во текот на бегалската криза, Хелсиншкиот комитет беше присутен на терен и добиваше информации за случаи на мигранти кои мистериозно исчезнувале, особено во делот на Табановце за кои потоа неофицијално дознале дека станале жртви на трговија со луѓе.

Уранија Пировска
Фото: fb Uranija Pirovska

„ За овој феномен ако треба да дадам осврт колку државата направила од аспект на легислативата, институциите…, заклучокот е дека горе долу добро стоиме кога станува збор за тоа. Но, сепак Северна Македонија во извештајот на Стејт департментот е констатирано дека е држава којашто не ги исполнува минималните стандарди, за да може да се справува со овој феномен“, оцени Пировска. Според неа, на оние кои им е дадена задача да го спроведуваат законот, тоа не го прават на начин на кој би довел до позитивен исход.

Не работиме директно на жртви на трговија со луѓе, но со оние луѓе кои се потенц жртби – жени, жени жртви на сем насилство кои поради насилството, деца Роми питачи, лица со порпеленост, сексуални работнички, текстилни работнички, сите оние со кои Хелсиншкиот Комитет работи на пружање минимална заштита. Според неа, државата и покрај тоа што ги има сите неоопходни структури да го прави тоа не води сметка за ранливите групи кои стануваат жртви на трговија со луѓе и оти како земја се соочуваме со феноменот на неказнивост што влијае одредени кривични дела и феномени да остануваат на ниво на неможност да се справиме со тоа.

„Жените жртви на сексуално насилство се двојни жртви, судиите одлучуваат промптно за родово базираното насилство, насилчникот останува во заедничкиот дом, со што таа станува жртва на многу кривични дела, а едно е трговија со луѓе, поради тоа што генерална оценка е тоа што жените се во социјален ризик поради положбата да се грижат сами за себе и многу ретко пријавуваат дека се жртви на таков криминал“, рече таа.

Извештај на „Меѓаши“Децата најзагрозени во семејните односи

Јасмина Рајковска, извршна директорка на „Отворена порта / Ла страда“, рече дека организацијата 20 години работи на феноменот справување на трговијата со луѓе, со цел да се обезбеди рана идентификација на потенцијалните жртви на трговија со луѓе и да се обезбеди поддршка, помош и заштита на потенцијалните жртви на трговија со луѓе. Според Рајковска, се намалува и старосната граница на жртвите на трговија со луѓе, па во минатата година најголем дел се деца на возраст од 12 до 18 години. Затоа, активностите треба да се насочат кон директни контакти со младите и децата, на врсничка едукација, и споделување на превентивен материјал.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?