ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.12.2021
Дедо мраз геј, жена, црна , жолта раса….мислењата поделени!
Автор: Goce Author

Брендот Дедо мраз со години опстојува со изгледот кој сите го знаеме, дебелкаст дедо со бела брада, со црвени образи – и најчесто, како по некое правило – маж, и белец! А времињата носат нови размислувања и дилеми, па понекогаш се наметнува и прашањетп – дали можете Дедо мраз да го замислите поинаку? Во Велика Британија е спроведена една анкета, која се занимава со прашањата од типот – дали би ви пречело Дедо мраз да е геј, да е жена, или пак да не е белец.

Што се однесува до помладата генерација Британци, според добиените одго вори, ним не би им пречело Дедо Мраз да биде геј, со боја на кожа или жена. Сепак, постарите жители на Островот не се толку љубезни.

„Возраста е клучен фактор. Младите Британци на возраст меѓу 18 и 24 години го поддржуваат геј Дедо Мраз со 60 до 20 отсто“, покажува анкетата на YouGov спроведена на 14-ти и 15-ти декември.

Од друга страна, постарите Британци, над 65 години, не ја поддржуваат идејата со 58 отсто против и 24 отсто за. Средовечните генерации речиси подеднакво ја поддржуваат или не ја сакаат идејата за геј Дедо Мраз – 41 отсто се против, наспроти 39 отсто за. Што се однесува до можноста да се биде жена, 54 отсто од постарите Британци не ја поддржуваат идејата, додека 27 отсто немаат проблем со тоа.

Помладите Британци се многу потолерантни – 45 отсто велат дека е во ред црвена капа и одело да ги облече жена , додека 31 отсто се против.

Идејата Дедо Мраз да биде различна раса наместо бела, сепак отиде многу полошо. Во просек, земајќи ги предвид сите возрасни групи, помалку од секој втор Британец би ја поддржал идејата Дедо Мраз да не биде бел.

Зошто САД се плашат од ТикТок?
Кардиоваскуларните болести се сѐ почести меѓу населението