ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.12.2022
Дедомразовци трчаа низ Скопје
Автор: Goce Author

Дедо мразовци традиционално трчаа низ улиците на Скопје, давајќи новогодишна атмосфера.

Фото: meta.mk

Традиционалната Дедомразовска трка ја организира Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“. Стотици учесници во дедомразовски костуми трчаа низ главниот град на патека во должина од два километри.

Организаторите информираа дека, покрај натпреварувачкиот, трката има и забавен карактер и на неа учествуваа и деца во придружба на родители.

Најчитани содржини на Гоце.мк за 2022 година

Учесници од сите генерации беа дел од трката што се одржува во пресрет на новогодишните и божиќните празници, а забележливо беше и присуство на голем број граѓани кои дојдоа да ја проследат трката на Дедомразовците.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?