ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.03.2023
Деловниот екосистем како интегриран систем-проект од ИПА Македонија-Грција
Автор: Goce Author

Намалување на јазот кој се појавува во поглед на квалификациите кои ги имаат студентите кога го завршуваат образованието и потребите на бизнис секторот е една од целите на проект од Програмата за прекугранична соработка ИПА Македонија-Грција.

Проектот, кој се имплементира во рамки на оваа програма е наречен „Деловниот екосистем како интегриран систем“. Учесник во проектот од македонска страна е Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, кој покрај експертите – професори од самиот факултет, вклучува и надворешни експерти, меѓу кои и од Економскиот институт на УКИМ, како и претставници на бизнис секторот.

Економскиот факултет на УГД беше домакин на тркалезна маса, на која, како дел од активностите во рамки на проектот, експертите дебатираа за идеите и начините за намалување на јазот кој постои на пазарот на труд помеѓу компетенциите на младите невработени лица и потребите на бизнис секторот, кој очигледно го чувствува бизнис секторот, на кој му се потребни квалификувани и подготвени стручни кадри.

ИПА проектот „Деловниот екосистем како интегриран систем“ ќе понуди решенија за поквалификувани студенти и млади

Проф. д-р Оливера Ѓоргиева-Трајковска, проектен менаџер, го потенцира значењето на креирањето на интегриран екосистем кој ќе овозможи намалување на јазот во квалификациите на младите и потребите на бизнис секторот:

Проф. д-р Оливера Ѓоргиева-Трајковска, проектен менаџер

Во рамки на проектот Деловниот екосистем како интегриран систем, во кој како проектен партнер се јавува УГД, а кој се имплементира преку Програмата за меѓугранична соработка ИПА Македонија – Грција, денеска реализираме Тркалезна маса на Економскиот факултет во Штип. На оваа тркалезна маса претставници од академијата и бизнис секторот, разменуваат нивни сопствени идеи и предлози во врска со прашањето за премостување на јазот кој постои на пазарот на труд, помеѓу квалификациите на младите дипломирани, како и останати невработени лица и потребите на бизнис секторот. Овој пул на експерти всушност обезбедува континуирана поддршка во текот на целото траење на проектот на младите, заради трансформација на нивните идеи во конкретен бизнис, меѓутоа и на бизнис секторот за примена на иновативни алатки и практики во секојдневното работење. Овој проект има за цел креирање на еден интегриран екосистем базиран на знаење, кој ќе може да одговори на современите предизвици и трендови“.

Факултетите се прилагодуваат на потребите на бизнис секторот

Според Проф. д-р Љупчо Давчев, интерен експерт во проектот, динамиката на самиот пазар налага и факултетите да се прилагодуваат кон вештините и знаењата потребни токму на тој сектор:

На тркалезната маса учествуваат професори од Економскиот факултет од Штип и од Економскиот институт, како и луѓе кои доаѓаат од праксата и од бизнис секторот. Се надевам дека она што е споделено на оваа тркалезна маса ќе придонесе да се помогне на самиот проект во однос на пронаоѓање на алатки кои ќе се користат за надминување на тој јаз во знаењата и вештините на студентите кои завршуваат на самите факултети, но и она оние кои се веќе дипломирани, но уште не се вработени. Секако дека динамиката на самиот бизнис сектор налага и факултетите да се прилагодуваат кон тие вештини и знаења и со тоа се намалува јазот, а сите кандидати и кадри кои дипломираат на факултетите би биле подготвени веднаш да одговорат на поставените цели и задачи на работните места во самите бизниси“ – изјави Проф. д-р Љупчо Давчев“-интерен експерт во проектот.

Здравствени политики за сите
Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси