Прашање на кое никој се уште не нашол вистински одговор: учи дење или ноќе?
Некои ученици лесно ги завршуваат сите свои обврски во текот на денот и имаат време за други активности навечер, додека други едноставно го прават тоа обратно. Пронајдовме неколку причини за подобро дневно учење и подобро ноќно учење.

Photo by: Freepik
4 причини за учење во текот на денот:
- Со добар сон имате повеќе енергија и подобра концентрација;
- Општеството генерално функционира на таков начин што ние сме активни преку ден, а спиеме ноќе;
- Повеќето луѓе ги извршуваат сите свои обврски во текот на денот, па сите се „при рака“ во случај да имате прашање, од професори до пријатели;
- Природната светлина е подобра за вашите очи. Вештачките светла можат да го нарушат природниот ритам на спиење;
Топ 10 корисни веб страници за студенти (Дел 2)
4 причини за учење навечер:
- Во текот на денот се е бучно и активно, но ноќе сте само вие и бувовите, па можете да учите во целосна тишина и мир;
- Има и библиотеки каде што може да се учи до доцна, а предноста е што нема многу луѓе;
- Има помалку одвлекување на вниманието во вечерните часови;
- Навечер креативноста се зголемува и помага да ги гледаме работите поинаку;
Објективно гледано, двете опции се добри. Како да учиме целосно зависи од тоа што ни одговара. Не постои научно докажана подобра опција. Се зависи од нашата личност, што учиме, колку време имаме и како сме навикнати да спиеме.
Можеби ќе ве интересира