ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.11.2023
Ден на дијабетесот: 1 од 10 возрасни страдаат од оваа болест

Дијабетот е хронично метаболно заболување, кое се карактеризира со покачено ниво на глукоза во крвта, поради недостаток или нарушена секреција на инсулин од панкреасот. Покаченото ниво на шеќерот во крв  доведува до сериозно оштетување на срцето, крвните садови, бубрезите, очите и нервите.  100 години после откривање на инсулинот, милиони луѓе со дијабет ширум светот немаат пристап до соодветна нега.

Светскиот ден на дијабетес дава можност да се подигне свеста за дијабетесот како глобално, јавно, здравствено прашање и што треба да се направи, колективно и индивидуално, за подобра превенција, дијагноза и лекување на состојбата.

Photo by Matt C on Unsplash

Дијабетот тип 1(зависен дијабет или детски дијабет)

Овој тип се карактеризира со целосно отсуство на секреција на инсулин од панкреасот и бара дневна администрација на инсулин. Причините за него се непознати, но се претпоставува дека се јавува автоимуна деструкција на β-клетките на панкреасот. Главни симптоми се зголемена екскреција на урина (полиурија), жед (полидипсија), глад (полифагија), прекумерно губење на тежината, замор и друго.

Студентите денес бесплатно мереа шеќер во крв во Штип и Скопје

Дијабетес тип 2 (независен дијабет)

Овој тип сочинува над 90% од сите случаи.  Тој најчесто  е резултат на неефикасната употреба на инсулинот од телото. Физичката неактивност, прекумерната телесна тежина, исхраната како и фамилијарната историја се главните причини за Дијабет тип 2.

Главните симптоми се генерално слични со тие на Дијабетот тип 1, но често се помалку изразени. Како резултат на тоа, дијабетот може да се дијагностицира неколку години од почетокот на болеста, откако веќе се јавени компликации. Поради оваа причина, важно е да се внимава на факторите на ризик.  Дијабетот тип 2 се’ почесто се јавува и кај помладата популација.

1 од 10 возрасни луѓе во светот има дијабетес. Над 90% имаат дијабетес тип 2. Скоро половина се’ уште не се дијагностицирани.

Според регистарот за шеќерна болест за 2022 година, објавен од Институтот за Јавно Здравје, во државата бројот на ново дијагностицирани болни со дијабет изнесува 7,737 случаи, односно стапка  од 421,2/100.000, а вкупната преваленца изнесува 134,668 случаи, односно стапка од 7,332.

Во последние неколку месеци, дијабетичарите во државата се соочуваат со криза на ленти и апарати за мерење на шеќерот во крвта, како и недостиг на анти–дијабетна терапија. Материјалите кои недостасуваат, се од голема важност за лицата кои патат од дијабет, бидејќи помагаат при контрола на болестта.

Во 2023 година, кампањата се фокусира на важноста да се знае ризикот од дијабетес тип 2 за да се помогне да се одложи или спречи состојбата и да се потенцира влијанието на компликациите поврзани со дијабетесот и важноста да се има пристап до вистинските информации и грижа за да се обезбеди навремено лекување и менаџмент.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање