Аутизмот е нарушување на невролошкиот развој на личноста што влијае на комуникацијата, социјалната интеракција, однесувањето и интересите.
Нарушувањата од аутистичниот спектар не се болест, туку доживотно развојно нарушување. Секоја дијагноза од спектарот аутизам е различна и се манифестира со различни симптоми и потреби. Сината боја ги симболизира нарушувањата од спектарот на аутизмот.
Со одлука на Генералното собрание на Организацијата на Обединети Нации Секоја година, почнувајќи од 2008 г. секоја година на 2-ри Април се обележува како Светски ден на свесноста за аутизмот (World Autism Awareness Day). Денот е посветен на информирање и активизам односно подигање на свеста за аутизмот кај сите граѓани.
Преку обележување на денот се става акцент на пречките со кои луѓето со аутизам и нивните семејства со кои се соочуваат секојдневно и се дава поддршка во подобрувањето на квалитетот на живот на луѓето што страдаат од аутизам преку намалување на дискриминацијата, славење на различностите на општествата и зајакнување на вложувањето за целосно вклучување на луѓето со аутизам во рамките на општеството.
Според американските центри за контрола и превенција на болести, кај повеќе од 75 милиони луѓе во светот е дијагностицирана оваа состојба.
Се претпоставува дека кај нас бројот на лица со аутизам се движи од 12000 до 15.000 лица.
Големиот број на заболени лица ја наметнува потребта од изработка на Национална стратегија за аутизам, Национален регистер за евиденција на заболени лица и Центри за заштита и рехабилитација на децата, младинците и возрасните лица со аутизам.
Потребно е секогаш да се практикува толеранција за различностите и да се дава можност на оние на кои навистина им е потребна.
Покрај тоа што аутизмот може значително да ја ограничи способноста на поединецот да учествува во општеството, сепак преку уникатните способности овие лица може да ги победат предрасудите и да го променат светот.
Тоа се потврдува преку случајот на:
–Рабија Ајтек од Турција е исклучително талентирана девојка,која покрај студирањето на државен факултет, свири на 19 инструменти.
–Калум Кортни е 10-годишното момче од Британија кое поседува талент за пеење.
–Карли Флајшман, 22 годишна девојка ја користи технологијата како свој глас, за да ги изрази своите мисли и чувства и е прва невербална водителка на ТВ емисија, и претставува инспирација за многу личности со аутизам.