ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
01.06.2022
Денес е денот на децата – ова се нивните права
Автор: Goce Author

Денес се облежува Меѓународниот ден на децата – 1 јуни. Одлуката за прогласување на овој ден за посебен ден на децата е донесена од страна на УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, Швајцарија. Ова претставува нов почеток во подобрување на можностите за најмладите.

Конвенцијата за правата на детето – важен цивилизациски исчекор и клучен документ

Обединетите нации во 1989 година ја усвоија Конвенцијата за правата на детето. Со тоа заштитата на децата на меѓународно ниво го доби најзначајниот акт за заштитата на децата како документ кој е има најголем број на ратификации од државите, декларијаќи ја цврсто изразената волја за подобрување на правата на децата. Осебено изразени се конвенциските  одредби за заштита на правата и можноста за партиципација во активности. Исто така и воведување на минимум стандарди за здравствена заштита, образование и социјална заштита.

Секоја држава што ја ратификува Конвенцијата се обврзува да известува до Комитетот за правата на детето во рамките на Обединетите нации во Женева секои пет години.

Правата на децата во Македонија се остваруваат согласно Конвенцијата за правата на детето на Обединетите Нации и законска регулатива во Република Македонија.

Нo, најновите истражувања на Првата Детска Амбасада во светот “Меѓаши” од Македонија, покажуваат дека дури 70 % од децата во нашата земја не знаат ниту едно свое право. Значително мал број на деца бараат помош од училишните психолози и педагози. Децата за своите права најчесто дознаваат во училиште.

Непријавена и неказнета најчесто останува злоупотребата на детскиот труд, кога родителите ги тераат децата да работат. Правобранителството бара децата од улица да влезат во посебна категорија на заштита, како и да се отворат посебни центри во кои би се третирале децата зависници од дроги, но и трговија со деца.

Секоја година повеќе од 1 000 деца во Македонија се жртви на полови напади. Најчесто од своите родители, пријатели или соседи. Статистиките покажуваат дека 18 000 деца до 18 години не одат на училиште. Околу 2 000 деца се на улица и тие најчесто се жртви на злоупотреба. Исклучени од воспитно-образовниот процес, тие најчесто се жртви на сексуална злоупотреба, на педофилија, трговија со деца и слично.

Ова се најважните принципи и конвенциски точки за заштита на децата

  • Сите деца и млади ги имаат истите права. Ниедно дете ниту млад човек не може да биде оштетен заради својот пол, боја на кожа, јазикот или религијата.
  • Децата и младите имаат право на најголем можен степен на здравје како и здравствена заштита и медицинска нега.
  • Децата и младите имаат право на бесплатно основно образование. Освен тоа треба да им биде овозможена посета на училишта на повисок степен.
  • Децата и младите имаат право на рекреација, слободно време, игра и учество на културни и уметнички активности.
  • Децата и младите имаат право да се информираат, слободно да го искажуваат своето мислење и да бидат слушнати.
  • Децата и младите имаат право на добро воспитување. Нивните родители или други воспитувачи не смеат да употребат сила, злоставување и злоупотребата е забранета.
  • Децата и младите имаат право да добијат посебна помош и заштита во војна и при бегство.
  • Децата и младите имаат право да бидат заштитени од експлоатирачка работа и сексуална злоупотреба.
  • Децата и младите имаат право да живеат со своите родители и да го одржуваат контактот со двата родитела, ако тие живеат одделно.
  • Децата и младите што се хендикепирани, имаат право на посебна поддршка и унапредување, како и активно учество во општествениот живот.

 

Помалку дипломирани студенти во 2024 година: Што покажуваат бројките?
30 училишта под клуч за пет години, образованието „изгубило“ 5.431 основец