ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
08.04.2024
Денес меѓународен ден на Ромите – политичарите се огласија со пораки до нив
Автор: Goce Author

Осми април е прогласен за Меѓународен ден на Ромите во чест на првиот Светски конгрес на Ромите, кој се одржал од 8-12 април 1971 година во Лондон. Датумот се смета за еден од најважните датуми во историјата на овој народ, кога на конгресот се сретнале претставници на Ромите од четиринаесет земји во светот.

Ромите се народ кој потекнува од Индија и е раселен насекаде низ светот. Според одредени податоци, нивниот број во Европа се движи од 12 со 15 милиони. Од нив околу 70% живеат во земјите од источна и југоисточна Европна.

Политичарите денес излегоа со пораки и честитки по повод денешниот ден.

Почитувани граѓани, припадници на ромската заедница, со големо задоволство упатувам до вас во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое лично име честитки по повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. 8 Април е ден којшто го одбележуваме во ваша чест драги сограѓани Роми, затоа што и вие, како и сите граѓани, сте нераскинлив и природен дел на оваа држава и општество. И вие, заедно со сите граѓани ги чувствувате и благодатите, меѓутоа и тешките денови и ситуации кои ги носи животот. Придонесувате со тоа што можете, се трудите да се подобрат состојбите во секоја сфера и се посветувате кон обезбедување на подобра иднина, за нашата заедничка држава, за нашето општество и за нашите идни поколенија, се вели во честитката од премиерот Талат Џафери.

 Меѓународниот ден на Ромите е добар повод да истакнеме дека Северна Македонија креира позитивни приказни за едно инклузивно општество еднакво за сите, напиша на социјалните мрежи вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

„Ромите, заедно со сите други народи и заедници во земјата се дел од една таква приказна. Приказна што ја слави различноста како украс, како богатство на едно општество еднакво за сите. Заедно со Ромите постојано работиме на подобрување на благосостојбата на ромската заедница“, порачува Маричиќ.

„Го честитам Светскиот ден на Ромите. Тие претставуваат едни од најлојалните и вредни граѓани на нашето општество и заслужуваат унапредување на нивните права. Се уште треба да се работи на тоа, во секој смисол. Ние како Влада обезбедивме објекти за згрижување на деца, нови градинки. За 200 деца во Шуто Оризари се обезбеди бесплатно присуство во градинки. Неколкукратно го зголемивме бројот на стипендии за деца Роми. Само во Шуто Оризари, каде има најголем број на Роми, има 900 стипендии за средно образование, кои се со зголемен износ“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски

„Македонија никогаш не била, ниту ќе биде држава во која некој бил принудуван на асимилација, туку напротив секогаш била светол пример на уважување на посебноста и етничката различност на секој нејзин граѓанин. Впрочем Македонија е можеби единствената земја во поширокото опкружување каде што мнозинство сочинуваат Ромите, а ромскиот јазик е службен јазик заедно со македонскиот. Ромите на Македонија и вратиле со огромен придонес во музиката, културата, спортот и политичкиот живот и за тоа и јас и секој граѓанин кој ја сака нашата татковина Македонија е неизмерно благодарен“, појасни лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Yoco Join – иницијатива за поактивни млади
Штип УГД во борба за одбојкарската титула