ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.09.2024
Денес се одбележува Меѓународниот ден на знаковниот јазик
Автор: Goce Author

На 23 септември, светот го одбележува Меѓународниот ден на знаковните јазици, со цел да ја истакне важноста на јазикот на знаците како основно средство за комуникација на милиони луѓе со оштетен слух. Овој ден е официјално признат од ОН во 2017 година и има за цел да го зголеми разбирањето и поддршката за правата на луѓето кои користат знаковен јазик.

Знаковните јазици се полноправни и природни јазици, со свои граматики и правила, кои се разликуваат од земја до земја. Овој ден е и можност за подигање на свеста за културната разновидност и важноста на овозможувањето на пристап до образование и услуги за сите, независно од нивните јазични потреби.

Секоја година, разни организации и заедници организираат настани и кампањи за поддршка на оваа кауза, промовирајќи инклузивно општество каде секој има еднакви можности за комуникација.

Младинскиот образовен форум и Здружението на глуви и наглуви „Млад знак“ во рамки на активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, вечерва ќе го одбележат Меѓународниот ден на знаковниот јазик.

Одбележувањето на овој ден ќе почне во 18 часот во Младинскиот културен центар во Скопје.

– Придружете ни се на инспиративна вечер и слушнете ги членовите од глувата заедница кои преку моќни говори ќе ги споделат своите инспиративни приказни, предизвици и успеси, се наведува во соопштението на МОФ.

Според агендата, предвидени се и видео катче, катче за учење на основите на знаковниот јазик, како и изложба на букви на знаковен јазик.

Одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата
Награда за најдобар научник на Универзитет “Гоце Делчев” за 2023