ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
31.05.2022
Денес ЗАБРАНЕТО ПУШЕЊЕ – Светски ден за борба против пушењето
Автор: Goce Author

Откажете се од пушење цигари денес или поставете си подолгорочна цел да се погрижите за здравјето на вашите бели дробови и срцето преку намалување на пушењето.

Инаку пушењето е навика за која сите сме свесни дека е штетна ама навистина не е лесно да се откажете од неа. Добрите вести се дека во последно време навистина се превземаат солидни мерки да се укаже на штетноста на оваа навика и да се креира „непушачко општетство“, но сеуште има уште многу да се работи на ова поле. Затоа е и овој ден, да ја покрене свеста на пушачите дека можеби е време да се откажат од оваа лоша навика како и да им укаже на непушачите никогаш да не посакаат да ја пробаат.

Да се откаже некој од пушење овие денови е навистина одличен подвиг и лично достигнување кое заслужува да биде прославено. Затоа пред 3 декади СЗО го создаде овој ден за да се прослават не пушачите или барем да се охрабрат тие што сеуште пушат да апстинираат 24 часа.

ИСТОРИЈАТ НА СВЕТСКИОТ ДЕН БЕЗ ЦИГАРИ

Секоја година на 31 Мај, Светската здравствена организација (СЗО)  и партнерите го одбележуваат Светскиот ден за борба против пушење, потенцирајќи ги здравствените ризици поврзани со употребата на тутунот и промовирајќи ефективни политики за намалување на употребата на тутунот.

Штетни ли се новите цигари кои не согоруваат од топлина?

Овој ден се одбележува уште од 1987 година. Статистичките податоци покажуваат дека една испушена цигара го скратува животот за 12 минути. Според  податоците од СЗО во светот пушат 1,1 милијарда луѓе од кои 200 милиони се жени. 6 милиони луѓе годишно умираат од пушење,меѓу нив 600 000 пасивни пушачи. Во Р.Македонија се регистрираат близу 700 000 пушачи, трошејќи годишно 11 тони цигари или 5, 5 килограми тутун по глава на жител. Негативното влијание на цигарите и димот од цигарите е директно поврзано со многу сериозни заболувања. Лошите ефекти по здравјето се должат на околу 2500 токсини содржани во тутунот и на околу 4000 супстанци содржани во димот на цигарите. Најмалку 250 од овие хемикалии се токсични,а повеќе од 60 од нив се познати како канцерогени. Последиците од употребата на тутунот се: рак на белите дробови, рак на грлото и оралната празнина, срцевите болести и болести на крвните садови и мозокот, хроничен бронхит, хронични неинфективни заболувања и многу други. Пасивното пушење (вдишување на чад од оние кои пушат) го зголемува ризикот на непушачите од рак на белите дробови и ризикот од синдромот на ненадејна смрт кај бебињата.

Борбата против пушење цигари е борба за здравје

Годинешното мото на Светскиот ден за борба против пушење е ”Стоп за  недозволената трговија со тутунски производи”.

Целите на кампањата на СЗО се :

  • Подигање на свеста за штетноста по здравјето на луѓето предизвикана од недозволената трговија со тутунски производи, посебно кај младите и луѓето со ниски приходи, поради зголеменaта достапност како резултат на ниските цени;
  •  Прикажување како недозволената трговија со тутун негативно влијае врз здравствената грижа, контролата на тутун, како зголемување на таксите и цените, предупредувачки пораки и други мерки;
  • Демонстрирање како тутунската индустрија е вклучена во недозволената трговија со тутунски производи;
  • Да се потенцира како недозволената трговија со тутунски производи влијае, огромно богатство за криминалните групи да финансираат други организирани криминални активности вклучувајќи : дрога, трговија со луѓе и оружје, како и тероризам.
  • Промовирање на ратификацијата и примената на Протоколот за елиминирање на недозволената трговија со тутунски производи на сите членки на Конвенцијата и предвремено стапување на сила низ активно вклучување на релевантните донесувачи на одлуки.

Image by PeterFranz from Pixabay

Како да се прослави Светскиот ден без тутун?

Започнете така што ќе ги оставите настрана цигарите и ќе го започнете денот со нова перспектива без цигари. Добро, знаеме дека тоа не е реално, па барем започнете го Светскиот ден без цигари со броење на бројот на цигари што ги пушите во еден ден и поставувајќи си цел за постепено намалување на цигарите додека не бидете апсолутно без цигари следниот Светски ден без цигари! Во текот на следната година, ќе почнете да се чувствувате поздрави, да имате повеќе енергија, помалку да се разболувате и да имате повеќе пари во џебот! Зарем тоа не би била најголемата прослава досега?

Дуалното образование привлекува сè повеќе компании и ученици
Студентка од протестите во Белград: Блокадите ќе продолжат, студентите и спијат во просториите на Факултетите