Како се чувствувате денеска? Да погодиме… депресивно? Па денеска е најдепресивниот ден во годината… или барем така велат?
Ако размислиме, можеби и ова депресивно чувство има смисла. Божиќ помина и сите празници останаа зад нас. Надвор времето уште е врнежливо и студено, па излегувањето и исполнувањето на обврските кои не’ очекуваат и не е толку забавно нели? Да не ги заборавиме и трошоците кои ги направивме за време на празниците…
Најдепресивниот понеделник или син понеделник е темин за да се опише датумот кога луѓето имаат најголема веројатност да имаат чувство на тага или очај. Синиот понеделник обично паѓа на третиот понеделник од јануари, а оваа година е токму денес – 16 јануари.
Концептот на датумот првпат беше претставен на јавноста преку соопштение за печатот на Sky Travel во 2005 година. Тимот соработувал со психологот д-р Клиф Арнал и создадал алгоритам за да предвиди кога ќе се случи најтажниот ден во годината.
Добротворната организација за ментално здравје Mind претходно го основаше хаштагот #BlueAnyDay. Тоа го направи со цел да ја потсети јавноста дека секој шести човек се бори со депресија.
„Овој ден придонесува за штетните заблуди за депресијата.“, изјавил шефот за информации на Мајнд, Стивен Бакли. „Еден од шест луѓе ќе доживее депресија во текот на својот живот. Тоа може да биде крајно изнемоштено со вообичаени симптоми, вклучително и неможност за спиење, чувство на исклучување од другите луѓе и самоубиствени мисли“.
Depression doesn’t care what day it is. That’s why we’ve always got help and support available, not just for #BlueMonday https://t.co/humpKsVAhz pic.twitter.com/DHUm9ZFN2N
— Mind (@MindCharity) January 15, 2018
Но, многумина од нас се чувствуваат вака низ целата година. И оваа година, поради загриженоста за кризата на трошоците за живот, зголемените сметки за електрична енергија и зголемените цени насекаде околу нас, може многумина од нас да чувствуваат загриженост за годината што претстои.
За среќа, постојат неколку начини да се справите со јануарското сивило. Почнувајќи со обидот да спиете повеќе. „Длабокиот сон, или спиењето резултира со тоа што нашите тела ослободуваат хормони за раст и поправка – помагајќи во обновувањето на мозокот.“, објаснува Хана Шор, експерт за спиење во Silentnight. „Полесниот сон, како РЕМ, му овозможува на мозокот да се опорави. Така се постигнува консолидација на меморијата, учење и емоционална обработка.“
Таа предлага да се обидете да се смирите пред спиење со сигурна рутина, медитација или смирувачка музика.
Излегувањето надвор исто така може да го зголеми расположението овој јануари. „Се смета дека околу два милиони луѓе во ОК страдаат од зимското сивило, при што се погодени луѓе од сите возрасти, вклучително и деца“, објаснува д-р Фелисити Бејкер, клинички психолог и ко-основач на Ultimate Resilience. „Поврзано со намалувањето на изложеноста на сончева светлина, зголемувањето на невротрансмитерот мелатонин влијае на нашите емоции и однесување. Ова може да доведе до чувство на депресија и немотивираност.“
Постојат голем број на стратегии кои можат да помогнат. Д-р Бејкер предлага да се оди на отворено особено на пладне кога сонцето е највисоко. „Седењето во близина на прозорците и бојадисувањето на вашиот дом со бледи бои ќе ви овозможи да имате корист од рефлектираната светлина однадвор“, додава таа. „Да си дадете време за одмор е клучно за управување со депресијата. Одвојувањето време за да се опуштите, да се вклучите во хоби, да разговарате со пријател или да гледате филм ќе ви помогне да се чувствувате подобро.“