ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.05.2022
Денеска финални преговори на СОНК и Владата
Автор: Goce Author

Утре истекува рокот од 20 дена во кои СОНК и Владата треба да постигнат договор под медијаторство согласно Законот за мирно решавање на работни спорови.

Тоа значи дека  може да дојде до активирање на штрајкот на СОНК ако не биде постигнато заедничко решение. Денеска се очекуваат две средби на СОНК – со МОН и МТСП, по минатонеделните кои завршија неуспешно, иако, како што беше изјавено, „со приближување на ставовите“.

Според првиот синдикалец Јаким Неделков, од Министерството за образование и наука се очекува пред се поголемо зголемување на платата (последната понуда беше нешто над 12 проценти). Исто така се очекува и утврдување на рокот за потпишување на новите колективни договори и за методологијата за пресметка на платите за 2023 и 2024 година.

Чувствителни и важни се и преговорите со МТСП, каде треба да се решава проблемот со платите за април. Согласно Законот за работни односи и Колективниот договор, а и најавата од Министерката Тренчевска, вработените во градинките треба да ги добијат скратени, со придонеси, но без платени дневници.

Ќе постигнат ли СОНК и Владата договор, или штрајкот ќе се активира?

„Се надевам дека утре ќе најдеме решение, ќе дојдат претставниците на СОНК со одредени предлог решенија се со цел да се најде решение за платите за сите оние кои штрајкуваа. Согласно постоечкиот закон и согласно колективниот договор којшто е потпишан од страна на МТСП и претставниците на СОНК  платата за месец април ќе биде исплатена согласно закон, што значи ќе бидат исплатени само придонесите, но ќе бараме решение за со мајската и јунската плата им бидат надоместени деновите во коишто имаше штрајк и за оноие воспитувачи и негователи секако и дел од помошниот кадар да им бидат исплатени платите“, рече министерката Тренчевска вчера во Битола

На состанокот со МТСП ќе се разговара и за формирањето работна група за изготвување нов колективен договор за вработените во градинките.

Инаку, после завршувањето на преговорите со посредтсво на медијатор, СОНК ќе треба да го сочека записникот составен од помирувачот, по што ќе следи текст од спогодбата за помирување меѓу двете страни. За предлозите од Владата ќе треба да расправа и Советот на СОНК, со што може да се навлезе и над дваесетте дена одредени за преговорите. До донесување на таа Одлука на Советот на синдикатот, штрајкот ќе остане во мирување.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?