ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.12.2022
Денис Ѓорѓиевски – главниот рударски инженер во „Тораница“ дава совети за градење успешна кариера во Македонија

Денис Ѓоргиевски е дипломиран рударски инженер за подземна експлоатација и важи за еден од најдобрите студенти на Факултетот за природни и технички науки на насоката Рударство. Моментално, тој  работи во рудникот „Тораница“ во Крива Паланка, а неговата работна позиција е Главен рударски инженер и одговорен за вентилација. Тој за идните студенти порачува да се водат по мотото:

„Секој нов предизвик претставува нова можност“

Денис Ѓоргиевски

„На УГД студирав 4 години на Факултетот за природни и  технички науки на насоката Рударство. Овој факултет го избрав затоа што нуди многу можности за пронаоѓање на работна позиција, а воедно и напредување на професионален план. Како клучна предност на УГД би ја издвоил квалитетната настава и стручниот кадар со кој може секој студент да воспостави одлична комуникација, а воедно располага со богата програма за студентите да го добијат вистинското образование.“, вели Ѓоргиевски.

Љубенка е прогласена за нај-студент на 2022 – еве ги советите од неа до сите студенти

Според Ѓоргиевски, рецептот за успех се состои од трпеливост, посветеност, трудољубивост и одговорност кон работата, а за него најголем предизвик претставувало ефективното комуницирање и соработка со тимот. Па, затоа тој во текот на своите студии и работата се трудел да го надмине ова и да ги научи вештините на тимска соработка.

Христијан Николовски – професор на Музичка академија раскажува за сопствените студентски денови

Во текот на неговите студии, на Ѓоргиевски најмногу му помогнала одличната соработка со професорите , а на идните студенти тој им порачува дека е клучно да ја сфатат сериозно нивната идна професија.

Концентрирано следење на теоретската настава и желбата за проширување на знаењата е советот кој Ѓоргиевски го дава на студентите.

 

Професорка по имунологија одговара дали е возможно да имаме колективен имунитет без вакцинирање на децата?
Како стресот од испитната сесија влијае врз менталното здравје на студентите?