
12 август е познат како Меѓународен ден на младите кој се одбележува секоја година преку организирани активности за млади. Најчесто, организираната програмата ги охрабрува младите ширум светот да организираат активности за подигање на свеста за состојбата на младите во нивната земја.
Во 1999 година, Генералното собрание ја одобри препораката дадена од Светската конференција на министри одговорни за млади (Лисабон, 8-12 август 1998 година) 12 август да биде прогласен за Меѓународен ден на младите.

Photo by Melissa Askew on Unsplash
Волонтерскиот центар во Скопје организира настан на темата „Младинско волонтирање и зелен активизам“ кој ќе заземе место во Домот на културата „Билјана Беличанец“, Кисела Вода. Според Волонтерскиот центар – Скопје:
„Овој настан има за цел да ги афирмира младите, да и даде простор на заедницата и особено на младите за идеи, разговори и размислувања за создавање подобра и поодржлива иднина за младите.Настанот ќе биде супер еко, со струја што сами си ја произведуваме со возење велосипеди, без отпад и со свежи пијалоци направени од волонтерите затоа дојдете со вашиот велосипед и со вашите термоси или чашки. На настанот, ќе има изложба од млади уметници, како и фотоизложба за волонтеризам и еко-активизам. Забавниот дел ќе биде покриен од млади бендови и артисти. Исто така, ќе имате можност преку инфо-точките на ЕУ и Националната агенција да се запознаете со програмите и активностите што ги нудат за млади.“
Немањето финансии и тоа што не сме дел од ЕУ ги ограничува можностите за младите во Македонија
Национален младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM, пак организира забава по повод Денот на младите. Иницијативата е да се одбележи денот преку забава и настап на локални бендови и ДЈ-и во „Public Room” во Скопје.
Невладината NECI NMK во Штип, организира штанд на кој ќе има за цел да ги запознае младите преку игри и разговор за значењето на младинскиот волонтеризам и активноста во заедницата.
„Ве повикуваме на нашиот штанд: Да се запознаеме; Да откриете нови можности за вработување, практиканство , самовработување; На кој начин да се интегрирате во процесот на донесување одлуки на локално ниво; Да дознаете повеќе за Еразмус+ можностите кои ги нуди нашата организација. Во нашата ,,Поштенска кутија за иднина” ќе може да оставете ваша картичка со ваша идеја, нешто што би сакале да се промени или што е она што и недостасува на младите во нашата општина според вас.“, велат од НЕЦИ.
Ваквиот ден е особено важен за младите бидејќи е потребно да се информираат за можностите кои им се нудат и за значењето на нивниот придонес во локалните заедници.