
Денот на младите – 12 август годинава ќе се одбележи со повеќе активности, со акцент на препораките на ОН за целите за одржлив развој.

По повод 12 Август – Меѓународен ден на младите, Агенцијата за млади и спорт во период од 8 до 12 август организира многубројни активности, а ќе се води по препораките на Обединети Нации, кои оваа година ставија акцент на искористување на целосниот потенцијал на сите генерации кон постигнување на целите за одржлив развој.
За денеска е предвидено неформално дружење со младите во Casa bar во Скопје. Со тоа ќе се одбележи почетокот на неделата на младите.
– Со овој настан го обележуваме стартот на неделата на младите и Процесот на креирање на нова Национална Стратегија на млади, со поддршка од постојаната мисија на ОБСЕ во Скопје и УНДП. На настанот ќе присуствуваат релевантни фактори на Меѓународната заедница, претставници на младинските организации и претставници на државните институции, информира Агенцијата.
Обраќање ќе имаат директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски, заменик-шеф на мисијата на ОБСЕ, Џефри Голдшатјн и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.
Во четврток,11 август во Хотелот „Панорамика” во Скопје ќе се одржи меѓународна конференција за млади. Темата е „Младите во отворен Балкан-шанси и перспективи за сигурен напредок во регионот”.
–На конференцијата учество ќе земат претставници на Владата и министрите за млади и спорт на Србија и на Црна Гора. Секако, учество ќе земат и претставници на младински организации од овие држави и од Република Албанија, соопшти АМС.
Немањето финансии и тоа што не сме дел од ЕУ ги ограничува можностите за младите во Македонија
На 12 август во 19 часот во претседателската вила на Водно ќе се доделат награди за младинско учество. АМСМ во соработка со НМСМ ги доделѕвав во три категории. Првата е индивидуална , втората за неформални групи на млади. Третата категорија е младински организации, организации за млади и младински чадор организации.
По доделување на наградите се организира завршен настан-забава за младите кај Школка во Градски парк. Предвидено е учество на повеќе музички бендови и DJ.