ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.04.2023
Денот на здравјето одбележан во Штип

По повод интернационалниот ден на здравјето, невладината НЕЦИ како и средното медицинско училиште СОУ “Јане Сандански“ во Штип со поставени штандови во центарот на градот ги едуцираа граѓаните за превенција на здравјето.

Активистките од НЕЦИ, имаа за цел спроведување на квиз на случајни минувачи и делење на бесплатни чаеви и ваучери за физикална терапија за оние кои ќе одговорат најмногу прашања. Квизот се состоеше од општи прашања за здраствената состојба како и за најчестите патогенези од кои заболува населението. Некои од  прашањата беа за основните познавања и симптоми на дијабетот, мозочниот удар, анемија, примената на антибиотици како и на парацетамол и андол.

„Задоволни сме од одговорите на минувачите. Во принцип немавме одредена целна старосна група за спроведување на квизот, па ги прашувавме и младите и постарите. Поголем процент од граѓаните се доволно едуцирани за основните познавања од областа на здравјето, но имаше и такви кои одговорија на само мал дел од прашањата. Ваквата иницијатива имаше за цел поголема едукација за превенција на здравјето и кревање на свеста за негово зачувување.“, вели Ива Павлова, една од активистките на НЕЦИ.

Студентите од ФМН мереа шеќер и крвен притисок по повод 16 години УГД

Учениците од СОУ „Јане Сандански“ пак, едуцираа за покачените нивоа на шеќер во крвта и крвен притисок преку мерење на истите на случајни минувачи. Во случај на покачени измерени вредности, тие ги советуваа граѓаните да се обратат кај матичен лекар.

„Хипертензија и дијабетот се тивките убијци на модерното општество, па затоа сметам дека е од огромна важност да бидат превенирани или барем препознаени на време. Здравата исхрана , физичката активност и минималниот стрес се едни од најдобрите практики за избегнување на ваквите патогени.“, вели Деспина Ампова, ученичка во СОУ „Јане Сандански“.

Ваквиот ден има за цел да едуцира за важноста на превенцијата од болестите и да ги поттикне граѓаните да дека е подобро да биде спречено отколку лечено.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
По полициската акција се огласија од УГД: Целосно соработуваме со ОЈО и МВР