ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.10.2022
Денови на медиумска писменост 2022
Автор: Goce Author

Медиумска писменост е тема која во време на тренд на масовно ширење дезинформации и лажни вести е извонредно важна и актуелна.

Повеќе организации и институции, вмрежени во Мрежа за медиумска поисменост , по четврти пат организират Денови посветени на оваа тема.

Од 25 октомври до 1 ноември, под мотото „Размислувај критички, состави ја целата приказна“, ќе се одржат четвртите по ред Денови на медиумска писменост 2022.

Во организацијата и оваа година, се вклучија поголем број членки на Мрежата и нивни поддржувачи: Македонскиот институт за медиуми, ИРЕКС, Проект на УСАИД за медиумска писменост – Младите размислуваат, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Институтот за комуникациски студии, Радио МОФ/МОФ, Коалиција Маргини, Фондацијата Метамофозис, ПИНА, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, МРТ, Институтот Макс Ван Дер Штул, Делегацијата на Европската Унија, СЕММ, Лице в лице, Мета.мк, Порталб.мк, Агенцијата за филм, кината Милениум, Синеплекс, Кинотека на РСМ и дистрибутерската куќа Катавеј.

Програмата на Деновите ќе биде мултимедијална, а ќе доминираат работилници и обуки попврзани со медиумската писменост. Мултимедијалниот дел ќе биде посветен на медиунски содржин емитувани на Јавниот сервис и на други медиуми, како и изложбата „Стаклена соба“. Во настаните е вклучена и филмска програма „Инклузивни и доспани кина“, како и бесплатно прикажување тематски филмови за деца од основно училиште.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?