Човековото тело е многу сложена структура. Иако на многумина им изгледа кревко, поприлично е силно. Човековиот мозок не е истражен до крај и не се знае како функционира. Можеби мислите дека телото е ваше и сe што треба да знаете за него веќе ви е познато. Но, тоа крие многу тајни, мали детали, чудни факти кои можеби не ги забележувате, а тие се дел од него.
1. Срцето е големо колку вашата дланка.
2. Телото на детето има 300 коски, а телото на возрасниот човек има 206 коски.
3. Најмалиот мускул на човечкото тело се наоѓа во увото.
4. Стиснете тениско топче со сета сила, ако сакате да дознаете колкава сила употребува вашето срце кога ја пумпа крвта која поминува низ него.
5. До 70 години вдишуваме најмалку 600 милиони пати.
6. На главата на човекот, просечно има 100.000 влакна.
7. Девојчињата растат побрзо од момчињата.
8. Невозможно е да кивнете со отворени очи.
9. Киселината која се наоѓа во желудникот е доволно моќна за да разгради цинк, но не може да го уништи самиот желудник бидејќи тој постојано се обновува.
10. Наутро сме околу 1 см повисоки, отколку навечер.
11. Најсилен мускул на човечкото тело е јазикот.
12. Мускулите на очите се поместуваат околу 100.000 пати во еден ден. За толкаво движење да постигнете со нозете, мора да поминете 80 километри.
14. Најсилната коска во човечкото тело е вилицата.
15. Палецот на раката е иста должина со носот.
Проучувањето на човечкото тело вклучува анатомија, физиологија, хистологија и ембриологија. Телото анатомски се менува на познати начини. Физиологијата се фокусира на системите и органите на човечкото тело и нивните функции.
Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.
Автори: Антониа Симјоновска и Меланија Панева