
Детската дебелина прераснува во сериозен јавно-здравствен проблем во Македонија.
Според податоците на Институтот за јавно здравје и Универзитетската клиника за детски болести, повеќе од 30 отсто од децата на возраст од 6 до 9 години имаат зголемена телесна тежина, а речиси 14 проценти се соочуваат со екстремна дебелина.
Токму поради ваквите алармантни бројки, на Клиниката за детски болести е отворен Центар за менаџирање и третман на обезност кај децата.

Светскиот ден за акција против нарушувањата во исхраната (World Eating Disorders Action Day) се одбележува на 2 јуни. Првпат инцијатива за одбележување е поведна во 2015, а прво одбележување се случило во 2016 година. Ова е глонбално движење за подгање на свеста, намалување на стигмата и подобрување на пристапот до соодветен третман за лицата со нарушување во исхраната.
Оваа година темата на одбележувањето е „Запрете ја стигмата. Започнете со грижата.Зошто?“ Самата тема покажува дека голем проблем се предрасудите кон овие состојби. Наместо осуда, општетсвото треба да понуди навремена грижа за децата и возрасните кои се соочуваат со проблемот на нариушување во исхраната.
Детската дебелина не се смета за нарушување во исхраната, но може да биде поврзана со одредени нарушувања на однесувањето при исхраната, посебно со компулсивно прејадување. Тоа може да придонесе за сериозни и доготрајни последици врз здравјето и благосостојбата на детето. Може да доведе до физички ризици – дијабетес тип 2, хипертензија, срцево садови заболувања. Не се исклучени ни психолошките последици – ниска самодоверба, негативна слика за сопственото тело, анксиозност, депресија… Тука секако е и изложеноста на социјални предизвици, како стигма, булинг, изолација од средината.

„Детската дебелина не е само естетски или нутриционистички проблем, туку комплексна состојба што бара ран и мултидисциплинарен пристап“, истакна министерот за здравство Азир Алиу, посочувајќи дека во центарот заеднички ќе работат педијатри-ендокринолози, нутриционисти, психолози и физијатри.
Експертите предупредуваат дека дебелината во детството значително го зголемува ризикот од појава на дијабетес тип 2, кардиоваскуларни заболувања, висок крвен притисок, ортопедски проблеми и психолошки последици како стигматизација и социјална изолација.
Нарушувањата во исхраната можат да доведат до сериозни последици – треба да се препознае навреме
Пристапот до новиот центар ќе се реализира преку системот „Мој Термин“, со упат од матичен лекар или матичен педијатар. Во рамки на центарот ќе се спроведуваат молекуларно-генетски, хормонални и метаболички испитувања за утврдување на причините за дебелината и изработка на индивидуален план за лекување.
Отворањето на центарот доаѓа во време кога растечкиот број деца со прекумерна тежина ја наметнува потребата од посистемски мерки за превенција, едукација и рано откривање на проблемот