ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.03.2022
Детската траума може да предизвика емоционална лузна?
Автор: Goce Author

Се проценува дека 46% од децата доживуваат траума во одреден период од детството, а тоа може да им предизвика емоционална лузна. Иако возрасните често пати знаат да кажат „Деца се, нема да паметат“, траумата од детството може да има доживотен ефект.  Раната интервенција кај децата ќе спречи тие да имаат доживотна емоционална лузна.

Што е детска траума?

Траумата која ја доживуваат децата е настан кои тие го преживеале со страв и вообичаено е насилен или опасен. Физичкото и сексуалното злоупотребување е исто така траума кај децата која остава сериозни последици. Еднократните настани како: сообраќајка, природна несреќа, загуба на сакана и блиска личност може да бидат причина за детска траума. Секако, тука спаѓа и секојдневниот стрес, живеење во фамилија без љубов, соседство кое не е мирно. Иако возрасните не би дале многу внимание на тоа, кај децата може да биде проблем.


Шест дански правила за воспитување – за посреќни деца


Детска траума и посттрауматско стресно растројство (ПТСР)

Дури 15% од девојчињата и 6% од момчињата развиваат посттрауматско стресно растројство после доживеана траума и тоа може да ги доведе децата до состојба да се враќаат на трауматичните моменти постојано во своите глави.  Тие најчесто имаат проблеми со гневот, не се доволно фокусирани кога некој им зборува, постојано се вознемирени, не ги интересира ништо и имаат многу промени со апетитот.

Влијание на траумата

Трауматските настани можат да влијаат на тоа како се развива мозокот на детето и може да предизвикаат физички, психички и социјални последици. Доколку едно дете е постојано изложено на трауми, постојат големи шанси да развие: астма, срцева болест и дијабетис. Прегледот од 2019 година на 134 различни написи базирани на истражување додава дека изложеноста на негативни искуства на децата го зголемува ризикот од развој на неколку различни состојби – како што се автоимуни заболувања, белодробни заболувања, кардиоваскуларни болести и рак. 

Како да се помогне?

Социјалната поддршка може да биде клучна за намалување на влијанието на траумата кај детето. Доколку забележете дека вашето дете доживеало траума, тогаш охрабрете го да зборува за своите чувства и објаснете му дека тој не е виновен за тоа што се случило. Уверете го дека ќе го заштитите и бидете трпеливи колку што е можно повеќе. Не секое дете закрепнува исто.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање