ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.07.2023
Дијабетичарите во петок на протест
Автор: Goce Author

Дијабетичарите во Макеоднија имаат посериозни проблеми од бесчувствителниот однс на мајката која зарради роденденот на своето дете избрка новинарска екипа.

Тој случај доби голем публицитет, но во втор план некако останаа сериозните проблеми. Меѓу нив е и фактот дека веќе подолг период нема ленти и глукомери, неопходни на овие лица. Поради ова, во петок ќе се одржи протест пред Миниустерството за здравство.

Дијабетичарите во петок (21 јули) во 19 часот, ќе излезат на предупредувачки протест пред Министерството за здравство оти немаат терапија и со месеци се оставени без ленти и глукомери. Сојузот на здруженијата на дијабетичарите на Македонија се одлучи за протест по долго трпение, конструктивност и соработка.

ДИЈАБЕТЕС: НАДВОР ОД КОНТРОЛА

„Завршија сите рокови, логички, правни, измислени и смислени игри и манипулации… Заврши времето на лаги и обезличување 150.000 граѓани, 45.000 лица со дијабетес на инсулин! Заврши сето она што го можеше ‘нашето’ Министерство за здравство и ‘нашата’ Влада, манипулираа 700 дечиња и млади со пумпи, сетови за пумпи, сензори, глукомери и со терапија! Имаме најиновативна инсулинска и антидијабетска терaпија, благодариме, но не ја добиваме! Зошто? Затоа што им поминаа и на администрацијата и на одгворните сите рокови… затоа што дојде време да си го земеме она што по Уставот, законот и со буџетот ни следува“, велат од Сојузот.

Свесни за жештините, од Сојузот ги повикуваат сите што се во можност да дојдат на протестот.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?