ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.04.2022
ДИЦ до матурантите – има решение за државната матура
Автор: Goce Author

Неизвесноста за матурантите – ќе полагаат ли државна матура, останува актуелна. Причината секако е штрајкот во образованието, а дополнително ситуацијата може да се искомплицира  со петицијата за укинување на државната матура за оваа година.

После сите овие информации, се огласи и Државниот испитен центар.

Директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), Елизабета Наумовска, смирува дека и во вакви услови има решенија кои нема да бидат на штета на матурантите. Испитот ќе се одржи, независно од штрајкот, а Наумовска информира дека за таа намена нема да се печатат нови тестови, туку на матурантите ќе им бидат дадени тестовите кои се веќе испечатени во ДИЦ. Содржината на прашањата во нив, нема да се менува.

Точно е дека поради штрајкот, на учениците не им е предаден целиот материјал и знаењата не се усвоени. Знаеме дека на матурантите и без штрајкот, периодов не им е многу до учење, па затоа и во матурскиот тест има најмалку прашања од она што се предава во овие последни месеци. Нема простор за грижа бидејќи, ако на пример, по предметот математика, има задача од материјалот кој не го учеле, ќе се даде предлог таа задача да не се бодира и тоа нема да влијае во вкупниот број поени“, вели директорката.

Наумовска појаснува дека матурантите оценката ја добиваат со перцентилен ранг, а не со поени.

Елизабета Наумовска, директорка на ДИЦ

Откако оценувачите ќе ги прегледаат сите тестови, даваат предлог до државната матурска комисија (која, пак, дава предлог до министерот), колку се потребни минимум поени за двојка, колку за тројка. Потоа се формира скалата на оценки од 1 до 5. Оценката се формира отпосле, односно прагот на бодови се формира откако ќе се прегледаат сите тестови. Таква е процедурата“, вели Наумовска.

ДИЦ: Има решенија за полагањето матура кои нема да се на штета на матурантите

Годинава, државна матура ќе полагаат 15.899 матуранти. Поради штрајкот, вкупно 1.598 ученици во државата немаат положено проектна задача.

Затоа сега сакаме да му предложиме на министерот, на оние ученици кои не полагаа проектна задача заради штрајкот, да им овозможиме со измени на Календарот за полагање да полагаат проектна задача додека се во настава, до 20 мај. Бидејќи залудно би ги полагале останатите испити ако немаат положено проектна задача“, вели директорката.

Покрената петиција за укинување на државната матура за 2021/22

Таа апелира и ги повикува училиштата и наставниците, во интерес на матурантите да им излезат во пресрет и да им организираат полагања на проектна задача без оглед на тоа дали организираат настава или не.

„Станува збор за животно прашање на матурантите. Роковите за државна матура се фиксирани, децата треба да ги имаат дипломите за да можат да се запишат на факултет. Затоа училиштата треба да излезат во пресрет“, додава таа.

Термините за полагање на матура се 4 и на 13 јуни. На 4 јуни се полага мајчин јазик, а на 13-ти англиски јазик или математика.

„Преспа? Разбуди се за чиста средина“ – за подобро управување со отпадот
Танцова програма на Викендот на гордоста