ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
09.10.2021
Диеталните сокови можат повеќе да предизвикаат дебелеење од обичните?

Повеќето од нас веруваат дека диеталните сокови се подобра опција, особено кога внимаваме на внесот на калории. Но, не значи дека секој производ, чија налепница гласи “диетално” е всушност здрав за нас. Истражувањата покажуваат дека диеталните сокови имаат поголем негативен ефект врз нашето тело од обичните.

Неодамнешна студија во JAMA Network Open докажува дека пијалоците направени со сукралоза (засладувач кој ги покачува вредностите на шеќер во крвта кога јаглехидратите се консумираат подоцна во споредба со оние кои не консумирале сукралоза. Сукралозата, исто така, предизвикува високи вредности на нивото на инсулин и покрај тоа што не содржи шеќер.) може да го стимулираат апетитот.

„Откривме дека жените и луѓето со прекумерна тежина имале поголема тенденција за внесување висококалорична храна по консумирање на вештачки засладувач” вели авторката на студијата Кејти Пејџ, лекар специјализирана за третирање прекумерна  дебелина на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Испитаниците од студијата имале намалување на хормонот што го инхибира апетитот и јаделе повеќе храна откако консумирале пијалоци со сукралоза, во споредба со обичните пијалоци засладени со шеќер. Спротивно на тоа, студијата покажа дека мажите и луѓето со здрава тежина немаат зголемување на внесот на храна, што укажува на тоа дека тие не се засегнати на ист начин.

„Мислам дека она што беше најизненадувачко беше влијанието на телесната тежина и пол“, вели Пејџ. „Тие беа многу важни фактори во начинот на кој мозокот реагираше на вештачкиот засладувач“.

Други студии пак, покажаа некои придобивки од диеталните пијалоци, но долгорочното истражување откри дека конзумирањето на истите е поврзано со прекумерно зголемување на телесната тежина. Ова е така бидејќи вештачките засладувачи влијаат на мозокот кој сигнализира за зголемен апетитет по калорична храна.

Конзумирањето диеталните сокови исто така се покажало штетно и за луѓето со дијабетес.

Ова е потврдено и со студија обајвена во американскиот весник за клиничка исхрана каде 66.118 жени водеа запис за пијалоците кои ги конзумираат во период од  14 години.Од ова беше заклучено дека консумирањето на пијалоците засладени со шеќер и вештачки засладените пијалоци се одговорни за  зголемениот  ризик од појава на дијабетес тип 2.

Научниците предложуваат диеталните сокови и општо газираните сокови засладени со шеќер да се заменат со чај, карбонирана вода или пак природен овошен сок.

Пушењето кај младите во Македонија – сериозна закана за здравјето и иднината
Формирано Студентско Здружение за Молекуларна Медицина во Штип – имаат отворен повик за нови членови