ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.05.2026
DIGIRIGHTS ги сплотува младите правници ширум Балканот

Развојот на дигиталните технологии придонесува за длабоки промени во начинот на работа и комуникација. Секојдневното изложување на Интернет е неопоходност во денешното општество, но воедно претставува и ризик од злоупотреба на податоци кои се споделени, со што се наметнува потребата за поголема едукација поврзана со дигитализација и човекови права.

Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип остварува академска соработка со Правниот факултет во Ниш, Србија преку ЕРАЗМУС+ Жан Моне Модул „Дигитална трансформација и човекови права: ЕУ перспектива“ (DIGIRIGHTS).

Проектниот тим е составен од истакнати професори од Ниш, Осијек и Штип во кои проф. д-р Марија Амповска од катедрата по ѓраѓанско право и проф. д-р Кристина Мишева од катедрата по деловно право, се дел од меѓународниот академски и проектен тим.

„DIGIRIGHTS има за цел да го промовира европскиот пристап кон дигиталната трансформација на човековите права, кој ги става луѓето во центарот и кој е изграден врз европските вредности и основните права на ЕУ.“, вели проф. д-р Кристина Мишева.

Студентите имаат можност за време од неколку месеци да се запознаат со предизвиците кои ги носи дигитализацијата и правниот систем. Содржината на модулот составена од пет курса им овозможува на студентите на подробен начин да се запознаат со заштитата на личните податоци, економските и социјалните права во дигитализирана форма, насилството, правата од интелектуална сопственост и правосудство.

„Целните групи се студенти по право на додипломски, магистерски и докторски студии, млади истражувачи, правници и правни експерти. Наставните активности првенствено се наменети за студентите на Правниот факултет во Ниш, како и за студентите на Правниот факултет во Осијек и Штип, но и за студенти од правни факултети од регионот.“, вели Мишева.

Македонскиот јазик: да се „озакони“ за да знаеме дека постои?
Младите, интернетот и јазикот – каде оди писменоста?