ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
22.12.2021
Дилема разрешена со мислење – електричните цигари можат да се користат во затворени простории
Автор: Goce Author

 

Регулирањето на можноста за пушење во затворени простории во Македонија предизвикуваше контроверзи уште од самиот почеток на примена на Законот, па имаше најразлични реакции – непушачите сметаа дека тоа е добро, пушачите дека се дискриминирани. Слични – контриоверзни беа реакциите и кога дојде до измена на законот, па во некоја флексибилна варијанта, пушењето беше пак дозволено на терасите од угостителските објекти (кои, патем речено, најчесто и не беа тераси на отворено, туку комплетно затворен простор, нешто што кај нас е познат – наоѓање дупки во законите , но и замижување и прогледување низ порсти од страна на надлежните. Многу од страствените пушачи тогаш се адаптираа и на начин што почнаа да користат електрични цигари, кои многумина ги користат и за одвикнување од пушењето. Сепак, ретко се говореше дека вусшност, кога станува збор за забраната за пушење, таа важи и за електричните цигари. Така, најчесто инсоекциите санкционираа пушење на цигари, а го толерираа користењето на електричните цигари во затворен простор (свесно или не, останува отворено прашање). И токму кога деновиве, според неофицијални информации, инспекциите започнале интензивно да вршат контрола и да санкционираат и за користење на електричните цигари во затворен простор, Владата им ја „олесни работата“.

На својата редовна седница Владата на Република Северна Македонија го усвои мислењето на Министерството за здравство дека несогорливите тутунски производи и уредите за нивно загревање не спаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето.

Според Министерството за здравство, користењето на несогорливите производи од тутун, уредите за нивно загревање и електронски цигари не претставува пушење и следствено, не потпаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето, односно истите може да се користат и во затворениот дел од јавните простории, имајќи ги предвид одредбите од членот 3 став 1 точка 3 од Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи. Ова оттаму што според оваа одредба пушењето е дефинирано како „поседување или користење на тутунски производ кој согорува, без оглед дали чадот активно се вдишува или издишува“.

Интересно е дека оваа одлука доаѓа во период кога дел од претставниците на тутунската индустрија веќе почнуваа да реагираат дека треба да бидат изедначени активностите на инспекециите кога станува збор за употреба на  класичните и електронските цигари во затворени простории. По ова усвоено мислење од Владата, дилемата за инспекторите веќе ја нема – тие нема да го санкционираат користењето на електричните цигари.

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите