
Дипломите издадени во една од шесте земји од регионот: Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија, од надлежна високообразовна институција, ќе се признаваат во сите други, предвидува Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан. После ратификувањето на договорите во Собрание вчера истите излегоа во Службен весник и со тоа стапија во сила.
Со потпишувањето на Договорот на претстојниот Самит на Берлински процес во Берлин, Германија, се промовира академска мобилност и соработка , високото образование се препознава како јавно добро и јавна одговорност и се подига поддршката и заштитата на академската слобода и автономијата на високообразовните институции, велат од Министерството за образование и наука.
Ова значи дека дипломите на дипломираните студенти ќе бидат признати насекаде низ балканот, а со тоа ќе се зголеми генерално мобилноста на дипломираните студенти, но и на професори и научници.
Покрај овој договор пратениците, во рамките на соработката во Западен Балкан, усвоија уште неколку договори и тоа:
Договорот за признавање на професионалните квалификации го олеснува движењето на професионалците низ регионот и овозможува обезбедување услуги на лекари, стоматолози и архитекти во Западен Балкан. Овој документ создава и основа за преговори за преостанатите четири регулирани професии, акушерки, медицински сестри, фармацевти и ветеринарни хирурзи, во наредниот период.