
Европскиот центар за правата на Ромите во септември 2023 година, во името на родителите на засегнатите ученици Роми, поднел претставка против основното општинско училиште „Добре Јовановски“ од Прилеп, барајќи децата да имаат право да учат во интегрирана средина. Тврдат дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донела позитивна одлука, која уште не е доставена до училиштето.
Македонија со висока стапка на непланирана бременост кај адолесценти
Општина Прилеп се соочува со проблемот со сегрегација на ученици Роми во основно училиште откако Европскиот центар за правата на Ромите соопшти дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, на 18 јануари 2024 година, утврдила дека во основно училиште во Прилеп се врши „индиректна, континуирана дискриминација, која доведува до сегрегација“ на ученици Роми. Тоа е резултат на претставка поднесена од Европскиот центар за правата на Ромите (European Roma Rights Centre – ЕRRC) во септември 2023 година, во име на родителите на засегнатите ученици Роми против основното општинско училиште „Добре Јовановски“, кои сметаат дека децата имаат право да учат во интегрирана средина.
одителите Роми се спротивставиле на практиките на сегрегацијата во општинското основно училиште „Добре Јованоски“ и побарале помош од Европскиот центар за правата на Ромите – ЕРРЦ пред поднесувањето на претставката. ЕРРЦ организирал состанок со родителите, кои објасниле дека „Добре Јованоски“ е училиште, каде што преовладуваат ученици Роми, бидејќи кога родителите Роми што живеат во реонот на основното училиште „Кире Гаврилоски-Јане“ се обидуваат да ги запишат своите деца таму, тие биле усно одбивани и препраќани во „Добре Јованоски“, со објаснување дека тоа е „ромско училиште“. Дополнително, поради диспропорционално големиот број ученици Роми во основното училиште „Добре Јованоски“, родителите Македонци често барале од училишната управа да не ги меша нивните деца со Роми при формирањето одделенија, што резултирало со формирање чисто етнички ромски одделенија, се вели, меѓу другото, во соопштението за јавноста на Европскиот центар за правата на Ромите – ЕРРЦ.
Родители Роми од Европскиот суд добија пресуда за сегрегација
„Учениците Роми имаат право да учат во интегрирана средина. Тие имаат право да следат настава во најблиското локално училиште без да им се наложи дека мора да одат во „ромско училиште“ – се вели, меѓу другото, во соопштението на Европскиот центар за правата на Ромите доставено до јавноста, а кое го пренесоа одредени медиуми.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, на нејзината веб-страница сѐ уште ја нема објавено таквата одлука, ниту, пак, општината под чија надлежност е училиштето добила такво известување. Ни во посоченото училиште сѐ уште не добиле некаков писмен документ од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Оттаму уверуваат дека нема сегрегација, ниту дискриминација меѓу учениците, туку дека станува збор за природна состојба.
Се соочувале и со појава на промена на личните карти кај одредени родители заради реонизација на училиштата. Според образовните медијатори, пак, кои, исто така, се од ромска етничка припадност, потребна е поголема свесност кај родителите, и на ромските, и на македонските ученици, за да се спречи појавата на сегрегација во Општина Прилеп. Има ли дискриминација и сегрегација на ученици Роми во прилепското училиште?
Автор на текстот: Светлана Ристеска
Текстот оригинално е објавен на платформата Јасно.мк, а целосниот текст може да се најде на следниот линк.