ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
08.11.2024
Дискусија на тема Регионална соработка и европска интеграција – Агендата на ЕУ за Западен Балкан во Штип

Фондацијата Конрад Аденауер, Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Академијата за Европски интеграции од Скопје, ја организираат третата и последна панел дискусија во рамки на Катедра Аденауер 2024.

Панел дискусијата на тема „Регионална соработка и европска интеграција – Агендата на ЕУ за Западен Балкан“ ќе се одржи на 14 ноември 2024 (четврток), со почеток во 11:00 часот, на Правната клиника при Правниот факултет во Штип.

Катедра Аденауер претставува научно – образовна платформа на која студенти, експерти, претставници на академската заедница, како и носители на политички функции дискутираат и ги споделуваат своите гледишта околу актуелни теми од областа на Европската унија, генералните предизвици со кои се соочува европскиот континент, како и на теми поврзани со проширувањето на ЕУ и регионот на Западен Балкан.

Свое излагање во рамки на панел дискусијата ќе имаат:

Марија Петрушевска, Пратеничка (ВМРО-ДПМНЕ)

Моника Зајкова, Пратеничка (ЛДП)

Ана Никодиновска Крстевска, Проректор за меѓународна соработка и Професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип

Олга Кошевалиска, Деканка на Правен факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип

Васко Наумовски, Професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје

Александар Спасеновски, Професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје

Дискусијата ќе биде модерирана од новинарката Нора Калиќи.

Настанот ќе го отворат претставниците на организаторите, односно Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Катерина Јакимовска, Виш координатор за настани во Центар за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, Дејан Мираковски, Ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Ангела Анѓеловска, Проектен менаџер во Академијата за Европски интеграции – Скопје.

Одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата
Награда за најдобар научник на Универзитет “Гоце Делчев” за 2023