ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.11.2021
ДИЈАБЕТЕС: НАДВОР ОД КОНТРОЛА

Во пресрет на Светскиот ден на дијабетесот – 14  ноември, Меѓународната федерација за дијабетес објави алармантни податоци, кои говорат за  загрижувачки раст на застапеноста  на оваа болест. Според нив, 1 од 10 возрасни лица на планетата има дијабетес, а на светско ниво, 537 милиони возрасни луѓе живеат со дијабетес. Од оваа бројка, речиси половината не се дијагностицирани.  Сите податоци за движењето и ширењето на оваа болест укажуваат на можна проекција за раст на поваа бројка на дури 643 милиони до 2030 година, што, ако се земе предвид дека станува збор за само 8 години, е навистина алармантно.

Уште попоразителна е бројката на починати во светски рамки како последица на дијабетес – во 2021 година, поваа бројка достигнува до 6.7 милиони лица.

Неправедноста на општеството се покажува со уште еден статистички податок, кој вели дека 4 од 5 лица болни од дијабетес, живеат во земји со низок и среден приход. Ова покажува и дека дијабетесот во голема мерка има поврзаност со животниот стандард.

На ниво на Македонија, во 2020 година се регистрирани 7432 новозаболени со дијабетес, од што поголем број се жени ( 53,5 %).

   Меѓународната федерација за дијабетес токму по повод Светскиот ден на дијабетес, под мотото „Дијабетес: Надвор од контрола“, упатува апел дека Дијабетесот е значаен глобален предизвик за здравјето и благосостојбата на луѓето, семејствата и земјите. Владите мора да ги преточат зборовите во дела за да овозможат достапен и непрекинат пристап до грижа за дијабетесот за сите луѓе на кои им е потребна и да помогнат во спречување на состојбата кај луѓето со висок ризик.

Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години
Користењето на дигитални алатки – нов пристап за образованието