
Исплатата на студентските, ученичките стипендии, како и на студентскиот оброк доцни, а на социјалнте мрежи се почести се реакциите на корисниците.

Фото: МОН
Министерството за образование и наука известува дека исплатите за ученички стипендии, студентски стипендии во земјата и во странство и субвенциониран студентски оброк ќе се реализираат во текот на следната недела.
„Основ за исплата е усвојувањето на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2023 година и Програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2023 година, кои се веќе доставени до комисите на Владата“, велат од МОН.
Според нив, програмите ќе бидат усвоени на следната владина седница, по што МОН ќе ги подмири сите заостанати финансиски обврски кои учениците и студентите.
Ретроспектива: Студентскиот стандард и високото образование во 2022 година
Според новинската агенција „Мета“ стипендии досега, во декември, добиле само дел од студентите и учениците кои го продолжија правото на стипендија.Оние кои аплицирале на новите конкурси сè уште не ги добиле првите исплати.
Субвенциониран студентски оброк пак, бил исплатен само еднаш, во декември, за месеците септември, октомври и ноември.