ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.12.2025
Доделени стипендии за социјална поддршка и дуални паралелки
Автор: Goce Author

Познати се добитниците на стипендии за ученици од јавните средни училишта за социјална поддршка и од дуалните паралелки – вкупно 2470.

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за доделување 900 стипендии за социјална поддршка на ученици од јавните средни училишта во државава и од  Конкурсот за доделување 1570 стипендии за ученици запишани во дуалните паралелки (стручно образование во кои се  реализира практично образование со зголемен број  часови), за учебната 2025/2026 година.

Image by jcomp on Freepik

МОН упатува и на постапката во слиучај некој од апликантите да е незадоволен. Во таков случај, треба да почекаат да го добијат решението. Сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Мои апликации“ во колоната „Документ за одлука“. Незадоволните апликанти не треба да поднесуваат приговори или жалби пред да добијат решение. Откако ќе добијат решение, може да се поднесе жалба.  За малолетните апликанти жалбата треба да биде поднесена од родител/старател.

УГД нуди бројни стипендии и ослободувања од партиципација за идните студенти

-По добивањето на решението, жалбите се поднесуваат до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, во рок од 15 дена од приемот на решението. Просториите на Државната комисија се наоѓаат на Бул. „Гоце Делчев“ бр.18 (зграда на МРТВ кат 11), соопшти МОН.

Средношколците кои ќе добијат стипендија, пак, не треба да доставуваат испечатени и потпишани договори. Нивните права и обврски во врска со  користењето на стипендијата се наведени во решението.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?