„Ако немаш занимација, умот ќе ти најде секирација“ –
вели доктор Жарко Костиќ, мотивациски тренер и тренер за личен развој. Ова е една од пораките кои ги читаме и споделуваме по социјалните мрежи.
Нашето прво виртуелно кафе во новата година го пиеме со доктор Костиќ, па ајде да дознаеме повеќе за него и неговата несекојдневна професија.
Жарко Костиќ е доктор кој завршил Медицински факултет. За време на студиите осознава дека најголем дел од болестите се психосоматски што значи болести кои психата (душата или умот) ги прават на телото, што му дава дополнителна мотивација да истражува повеќе на темата за духот и умот.
„Сакам да држам мотивациски предавања и да им помогнам на луѓето генерално да живеат среќен живот. Мојот ден се состои од одржување на лични консултации со моите клиенти или популарно речено имаме „coaching” за различни ситуации и проблеми со кои тие се соочуваат.“, вели Жарко.
На мои 17 години отидов во САД да играм кошарка и да завршам средно училиште со шанса да добијам стипендија за студии. Се повредив па не можев да добијам спортска стипендија, но добив стипендија за факултет бидејќи бев добар ученик.
Во втора година се префрлив во Македонија каде што и го завршив Медицинскиот факултет. Пред кошаркарските натпревари во САД имавме убави мотивациски разговори со нашиот тренер, но еден настан ми ја побуди желбата да бидам мотивациски тренер. Во моето средно училиште имавме мотивациско предавање за штетните ефекти на дрогите.
Јас знаев дека никогаш нема да пробам дрога во животот и тоа ќе беше така дури и да не го бев слушнал тоа предавање, но мотиваторот кој го одржа настанот толку убаво и на реален начин ги претстави работите да до ден денеска тоа предавање е во мојот ум. Овие две работи во комбинација со мојата желба да помогнам луѓето да имаат подобар живот е тоа кое придонесе за мојата професија во сферата на мотивациска помош.
Доктор Костиќ често се вклучува live на социјалните мрежи и зборува на различни теми кои се одбрани од неговите следбеници. Бидејќи интересот е голем, веќе може да го следиме и три пати неделно, односно секој понеделник, среда и петок на неговата фејсбук страна.
Се повеќе стануваат свесни. Порано имаше многу малку мотивациски книги додека пак сега социјалните медиуми изобилуваат со мотивациски книги, настани, пораки. Денес е полесно да се стигне до прекрасни информации кои се корисни и кои можат да ни го подобрат животот. На некој начин е дел од секојдневието и тоа ме радува, бидејќи свеста се менува генерално со помош на достапноста на информациите. Секоја информација, секое знаење ја зголемува свесноста, а самото тоа допринесува за промена на нашиот став или нашите мисли. Тоа пак води до промена на нашиот живот.
Мотото на Жарко е… „Можеби не е лесно, но барем да го направиме да биде интересно.“
Проблемите знаат да предизвикаат лутина, бес, тага, демотивација или разочараност, но само со високо емоционална зрелост може да ги најдеме решенијата за проблемите. Не мораме да стануваме сериозни, но мораме да останеме одговорни. Можеме да сме одговорни и со убави емоции. Тоа е мотото на овој доктор, да успееме да најдеме забава и во одговорноста.
Препорака до младите… „Не избегнувајте препреки во животот, најдете им решенија!“
„Животот е како теретана. Ако избегнуваме тегови или фитнес никогаш телото нема да добие убава форма. Ако во животот избегнуваме препреки и само сакаме слободи, душата или нашето битие нема да развие убава форма т.е карактер. Препреките се неопходни за да се изградиме како битија. Секако слободата и одморот после убаво завршена работа има и поголема вредност- сме ја заслужиле и ја уживаме бидејќи сме горди на постигнатото.“, вели Жарко.
Ви посакуваме успешна 2022 година заедно со доктор Жарко Костиќ.