
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ (37) е еден од капитените кои се појавуваат во документарниот филм на Нетфликс со наслов “Captains”, кој ги опфаќа приказните на челниците на националните тимови и нивното патување до Светското првенство во Катар.

Фото: Screenshot
Модриќ е еден од осумте репрезентативни капитени кои учествуваа во снимањето на документарниот филм во продукција на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
“Имам најубави можни спомени од моето детство. Дедо ми ме бранеше кога правев нешто непристојно и ме носеше насекаде. Одев со него да ги водам животните на пасиште. Имав безгрижно детство со баба ми и дедо ми во куќата на Велебит каде имам убави спомени. И името го добив по дедо ми. Жал ми е што не доживеа барем дел од се што постигнав, но сигурен сум дека ме гледа одозгора и дека е горд“, рече меѓу другото Модриќ.
Радовишанецот Васе Крстев на СП Катар `22 : Организацијата на врвно ниво!
Инаку, во документарецот има и досега невидени снимки од Лука од неговото детство и бројни приватни детали.
„Тогаш не беше лесно да се живее. Сирени, бомби, паѓаа ракети и моравме да одиме во хотели како бегалци. Меѓутоа, кога гледам слики од моето детство, секогаш сум со топка. Тоа беше мој начин од се што се случуваше околу нас. А сè започна на бетонот пред хотелот“, рече Модриќ додека низ него се прелистуваа фотографиите со неговиот дедо и неговото семејство.
Да потсетиме, Модриќ и на овој шампионат ја води Хрватска, а веќе утре неговата Хрватска во полуфиналето ќе игра против Аргентина.