ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.07.2022
Дом на млади Штип со предизвик за млади
Автор: Goce Author

Во среда, 20 јули со почеток во 22 часот ДЈ Гоце ќе има работилница и live set во Дом на млади во Штип.

Ајде прво за ДЈ Гоце Со музика почнува да се занимава уште во деведесетите. Познат е по хип хоп културата и по бендот САФ кој тоа време бил исклучително популарен. Од таму и ако кажете Гоце САФ нема да погрешите. Со искуството што го има низ годините тој има супер музички сетови. Гоце пушта спој на хип хоп и различна музика што го инспирирала низ годините – Old School, Funk, Soul, R’n’B, Neo Soul, Electro, Reggae, Original Breaks итн… Во среда според најавата ќе има работилница и live set funky fresh. Организаторите на настанот го нарекуваат „Градско матине“. За да бидете дел од забавата ќе треба да издвоите буџет за влез од 100 денари.

(Видео) Aтмосферата на „Exit 2022“

И второ за култното место во градот под Исарот – Дом на млади Дали ваквиот тип на забави ќе го врати вистинскиот младински дух на оваа институција? Местото каде може да собере многу луѓе. Местото со одлична инфраструктура, акустика, поставеност. Местото со историја на супер журки и забави. Ние сме ЗА, а вие?

 

EXIT жртва на поддршката на студентите
Танцова програма на Викендот на гордоста