Камп – градинка на отворено од Штип, со нова иновативна идеја. Во сабота 26.08.2023 во Дом на Млади ќе се организира настанот „Донеси & понеси“ каде што сите кои што имаат алишта и играчки кои не им се потребни ќе може да ги донесат, а оние кои имаат потреба да од истите да ги земат за своите најмили.
„ „Децата брзо растат”- феномен кој секојдневно го слушаме и набљудуваме. Сега е време на истиот и да делуваме. Омилените парчиња облека и играчките кои веќе ги израснале децата, сега можат да донесат насмевка на нечие друго лице. А сите првачиња во подготовка можат да си најдат нешто ново за на училиште тотално бесплатно. Придружете ни се на првата размена на детска облека, обувки и играчки оваа сабота во Дом на Млади Штип. “, е напишано на официјалниот Инстаграм профил на Камп – градинка во природа.
„Сакаме да ја потикнеме репродукцијата на работите кои ги поседуваме. Наместо да ни се трупат дома и да завршат во отпад, бидејќи ќе ги замениме со нови, можеме да ги донираме нели? Ова има најголем потенцијал кај детската облека и играчките. Како што знаеме „децата брзо растат“ така и често играчките кои веќе не ги интересираат завршуваат во отпад. Наместо да се фрли, може да биде употребено и искористено за друго дете.“
Ваквите настани кои се формираат со цел да се подигне свеста за оптадот кој што се прави, а воедно и да се заштеди на играчки и облека кои се користат краткорочно.