ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.01.2022
Don’t look up: „Комета ќе удри во Земјата и никому не му е гајле за тоа“
Автор: Goce Editor

Насловот на овој текст е главната поента на новиот филм на Леонардо Ди Каприо насловен како “Don’t look up”. Филмот е црна комедија која зборува за политизарноста и поделеноста на општеството.

Сцена од филмот каде научниците јасно ја гледаат кометата која се наближува

Адам Мекеј е режисерот на овој филм и според неговите зборови тој бил инспириран токму од таа реченица дека ќе дојде еден ден кога комета ќе удри на земјата и никому нема да му е гајле за тоа.

Филмот зборува за комета која е со големина доволна да ја уништи нашата планета, а која е откриена од професорот Минди (Леонардо Ди Каприо) и неговата асистентка Кејт Дибијаски (Џенифер Лоренс). Нивниот напор да го убедат човештвото дека кометата е најголемата закана за човештвото досега не вродува со плод. Политичарите повеќе им е гајле да победат на избори отколку вистински да ги решаваат проблемите, а бизнисмените најважно им е колку ќе профитираат од тоа.

Филмот ќе ве засмее, ќе ве шокира и ќе ве изнервира. Ова е редок кој филм кој предизвикува толку мешани чувства. Деновите на празниците обично се добри за гледање филм. Искористете ги да го погледнете филмот кој е своевидна критика на модерното општество, нешто што секојдневно го гледавме со пандемијата. Состојба во која некомпетентни луѓе заведуваат маса на луѓе против официјалната наука.

 

Користен правилно, Chat GPT може да биде корисна алатка за студентите
Харвард одбива барања од Трамп – замрзнати им се над 2 милијарди долари федерални средства