Извидникот Драган Дончески, член на Извидничкиот одред „Еквинокс„ од Штип, неодамна ја доби престижната награда „Извидник на годината“ од Сојузот на извидници во Македонија. Наградата на Драган му ја донеле бројните активности во текот на годините во кои тој активно учествувал давајќи придонес за развој на извидништвото.
„Извидник на годината е една од најпрестижните награди со кој еден извидник може да се стекне , тоа е еден вид препознавање на вложениот труд и време од страна на извидникот и за мене претставува голема чест. Има доста разни критериуми за да се стане извидник на годината некои од нив се следниве: да се биде активен во организирање или имплементирање на разни настани и активности, активно вклучување во волонтерски иницијативи/активности, промоција на извидништвото на локално и национално ниво, особен придонес во самото извидништво во одност на програма и раст на членството.“, вели тој.
До сега од неговиот одред велат дека Драган активно учествува преку организирање на обуки, кампови и активности кои ги мотивираат младите да преземат иницијатива и да бидат активни граѓани во своите заедници. Неговите активности вклучуваат едукација на млади генерации, организација на проекти и волонтерски акции, како и учество во бројни национални и меѓународни кампови.
Драган со извидништвото започнал уште од 2019 година, кога случајно бил повикан на излет со извидниците. Неговото убаво искуство го поттикнало да се зачлени и биде активен волонтер на одредот.
„Самите аквиности во природа беа нешто ново за мене и ме поттикнаа да истражувам уште повеќе и општо извидништвото доста ми помогна со така наречени меки вештини кои можев да ги усовршам заедно со останатите.“, вели Драган.
Како една од неговите омилени активности до сега тој го опишува кампувањето и организирањето на кампови.
„Омилена активност ако морам да изберам ми се извидничките летни кампови каде што имаме учесници од цела држава, иако тие се едни од понапорните настани за организирање имаме голема чест кога ги гледаме децата као се дружат насмеани и разиграни. А воедно се запознаваме со нови теми кои се интересни и поучни за нив.“, вели Драган.
Тој го опишува извидништвото не само како хоби, туку како начин на живот, преку кој учат да бидат подобри луѓе, да ја сакааат природата и да се грижат за заедницата.
Од неговиот одред тврдат дека Драган претставува инспирација и пример за помалите и помладите од кои е препознаен како нивен ментор, но и лидер во заедницата. Тој освен на локално ниво, ги претставува македонските извидници на меѓународни собири, каде што ги споделува своите искуства и учи од другите.