ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.02.2022
Друштвото на писатели утре одбележува 75 години постоење
Автор: Goce Author

Друштвото на писатели на Македонија, на 13 февруари ќе одбележи 75 години постоење. Ова друштво е основано во 1947 година година од страна на: Блаже Конески, Димитар Митрев, Славко Јаневски, Васил Иљоски, Ристо Крле, Иван Точко, Венко Марковски, Владо Малески, Ацо Шопов и Коле Чашулe.

 

Топ 10 најчитани книги во светот

ДПМ ги додели наградите за најдобрите годишни дела на добитниците за 2021 година.

Ивица Челиковиќ кој ја добил првата награда  „Стале Попов“, за романот Ден за одмазда“, изјавил дека не се чувствува како иселеник, иако не живее во Македонија. Наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга ја добил Санде Стојчевски за стихозбирката „Великата лирска песна“. Венко Андоновски се здобил со наградата „Ванчо Николески“ за романот „Имаш пчела на носот“.

Претседателката Соња Стојменска-Елзесер вели дека друштвото брои околу триста активни членови од сите возрасти кои творат во различни прави и дека се зголемува за шест членови кои ги истакнале своите творечки вештини.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?