ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.06.2023
Државниот испитен центар и МОН во костец за матурата
Автор: Goce Author

ДИЦ (Државниот испитен центар) и Министерството за образование и наука меѓусебно си ја префрлаат вината за пропустот при полагањето на матура.

Министерството за образование и наука се обрати до Државниот испитен центар како надлежна институција за организирање на државната матура, со цел лоцирање на одговорноста меѓу учесниците во спроведувањето на процесот, по однос на направениот пропуст при полагањето на вториот екстерен испит по англиски јазик.

Иако тестот не им бил достапен на учениците пред полагањето, односно истиот е споделен меѓу матурантите преку апликација за електронска комуникација за време на самото полагање, сепак, тоа е пропуст кој никако не требало да се случи и повлекува соодветна одговорност. По добивањето на информациите од ДИЦ, истите ќе бидат споделени со јавноста.

Непосредно пред испитот, на вибер групи бил споделуван допис испратен од Испитниот центар, во кој пишува дека тестаторите мораат да ја спроведуваат матурата согласно правилата оти во спротивно, неправилностите ДИЦ ќе ги презентира пред надлежните тела.

Надлежните апелираат да не се препишува на полагањето државна матура

За Мета.мк директорката на ДИЦ, Благица Павловска во саботата потврди дека ваков допис навистина е испратен до училиштата, но кажа дека нема контстирани неправилности, туку дека така пишувало за да ги заплашат учениците за да нема препишувања.

Синдикатот на Државниот испитен центар негира поврзаност на пробчемите со штрајкот во ДИЦ

Од  МОН велат и дека побарале од оваа година полагањето на испитите да се спроведува во поголеми простории во училиштата. Уште лани се спомнуваа училишните сали и холови каде би биле сместени сите матуранти. Така би имало и присуство на повеќе тестатори и набљудувачи.  Но, поради штрајкот на вработените во ДИЦ непосредно пред датумите за спроведување на државната матура, истите не се случија, велат од МОН.

На ова реагираат од Државниот испитен центар. Во соопштение на синдикалната организација стои:

„Обидот на министерот, односно на МОН да ја префрлат одговорноста на вработените на ДИЦ и на штрајкот за нерегуларностите во спроведувањето е само избегнување на сопствената одговорност за настаните. Ве известуваме дека изјавата на министерот во врска со причините за неполагање на државната матура во големи простории е лага“. И без штрајк ќе постоеја вибер групи и немаше испитите да се спроведат во големи простории. Затоа, министре, покажете доблест, но пред сè лична одговорност и не се кријте зад штрајкот“, се додава во соопштението.

Оттаму потенцираат дека за матурата да се спроведува во сали или да се обезбедат блокатори (интернет и телефонските мрежи) во училиштата, барале уште одамна, но досега не добиле дозвола за тоа.

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?