ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.04.2023
Двајца измамени на лажната веб-страница која наликуваше на УЈП
Автор: Goce Author

Изминативе денови граѓани преку СМС пораки беа известувани дека наводно треба да ја „извршат задолжителната пријава“, алудирајќи на годишната даночна пријава која ја изготвува УЈП. Во пораките дополнително стоеја и линкови до веб-страници каде граѓаните се наведуваа да ја извршат пријавата.

Веб-страниците до кои водеа овие линкови, иако наликуваа на официјалниот сајт на Управата за јавни приходи, беа лажни. Домените на веб-страниците беа слични со официјалниот сајт на УЈП – ujp.gov.mk. Една од веб-страниците, за која дозна и пошироката јавност беше ujp-gov.mk, а втората веб-страница беше ujp.mk.

На лажните веб-страници од посетителите се бараше да ги вметнат своите лични податоци и податоци за платежните картички, а досега, според информациите на Министерството за внатрешни работи, преку веб-страницата ujp-gov.mk, оштетени се две лица.

Она што исто така е важно е што потврдувањето на годишната даночна пријава која ја изготвува УЈП се прави на друга веб-страница, односно на поддоменот на УЈП – e-ppd.ujp.gov.mk.

Откако јавно се вклучи алармот преку социјалната мрежа Фејсбук за една од лажните веб-страници кои изгледаа слично на сајтот на УЈП, веќе истиот ден, до веб-страницата не можеше да се пристапи.

Систем администраторот Адил Бакиу за Радио МОФ објаснува дека информацијата за веб-страницата ujp-gov.mk била првично споделена преку програмерската Фејсбук група „Сојузен Комитет на Програмери на Република Македонија“. Веднаш откако ја воочил информацијата, Бакиу објаснува дека ја известил компанијата „МКХост“ – каде што е регистриран доменот, како и Македонската академска истражувачка мрежа (МАРнет).

„Други членови изјавија дека го пријавиле случајот до други надлежни A1 – операторот од кадешто се претпоставува дека се праќани дел од СМС пораките со линкот, Телеком – друг оператор од кадешто се претпоставува дека се праќани останатиот дел од СМС пораките, MKD-CIRT – Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти, МВР…“, објаснува Бакиу.

Според систем администраторот, пристапот бил оневозможен некаде околу 17 часот, додавајќи дека според него тоа е премногу долго време за реакција.

„И повеќе надлежни институции на некој начин гледаа додека се извршуваше кривично дело и се правеа ненадлежни. Ако MKD-CIRT изјават дека се известени за случајот во 10 часот наутро, а се преземат активни мерки за прекин на кривичното дело доцна попладне, јас не гледам смисла во нивното постоење“, дециден е Бакиу.

Страниците регистрирани уште во февруари

Јавно достапните податоци, конкретно за регистрацијата на доменот ujp-gov.mk покажуваат дека страницата била регистрирана уште на 6 февруари годинава.

Според податоците, доменот го регистрирал Јован Трајановски, со седиште на булевар „Јане Сандански“ во скопски Аеродром. Мејл адресата која била користена за доменот е publicservice@murder.academy. Доменот на мејл адресата пак води до сервисот „Courvix“ кој нуди бесплатен мејл, ВПН и АПИ сервис. „Courvix“ нуди регистрација на бесплатни мејл адреси меѓу кои и со домените „murder.academy“, „fbi.ac“, „criminal.li“ и „crime.su“.

Целосната вест најдете ја на Радио МОФ

Акните се сѐ почест дерматолошки проблем кај младите
RISE Balkans: Зајакнување на гласот на младите