ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.07.2023
Дванаесетта Летна школа по Ургентна медицина во Охрид

Самонадоградување и умешност во школувањето и кариерата е главната цел на дванаесетата Летна школа по Ургентна медицина. Оваа школа ја организира Европската медицинска студентска асоцијација- ЕМСА. Летната школа претставува традиција веќе дванаесет години и се одржува секој јули во хотелот „Аквалина“ во Охрид, оваа година во период од 14 до 18 јули. Целна група се секако студентите на медицина од УГД и УКИМ кои во текот на пет дена имаат можност на  многубројните работилници да ги надоградат своите практични вештини во повеќе области.

Во овогодинешната организација е вклучен раководниот одбор на ЕМСА составен од Елиза Жоговска, Ана Ставреска, Марија Костадинова, Јелена Недељковиќ, Емилија Блажевска, Марија Данаилова, Саветка Дрварова, Христина Палазова, Кристина Ѓошевска, Маринела Ангеловска. Тимот ја опишува Школата како сплет на незаборавно искуство, дружба и  љубовна приказна меѓу идните лекари и медицината.

Покрај работилниците, на оваа летна школа, акцент се става на дружењето и забавата

Најавени се повеќе работилници од областа на гинекологија, кардиологија, ургентна медицина. Посебен акцент има на работилниците во кои студентите имаат можност практично да вежбаат за некои есенцијални ургентни состојби како што се породување, имобилизација, срцево белодробно оживување итн. Покрај работилниците , очекувано е и одржување на Гала вечер, игри на плажа и бројни забави лоцирани во град  Охрид.

Последен академски час на студентите од Општа медицина 2018/19

„Организацијата подразбира висока посветеност, тимска работа и потреба од плакета идеи. Започпна уште на почетокот од годината, во насока на планирање на тоа што ќе работиме и што ни е целта. Со комуникации и идеи на ниво на тимот, секој од нас си имаше своја обврска во организациајта па така самиот чин не претставуваше толку голем притисок или напор. Најинтересен момент од планирањето се игрите во времето предвидено за нив како и забавите кои што не очекуваат. Од оваа гледна точка ако направиме добра ретроспектива, можеме слободно да кажеме дека нашата напорна работа се исплатеше“, вели претседателката на ЕМСА, Елиза Жоговска.

Златен стандард е практичната настава, односно примена на знаењето во спасување на животи

Преку организација на Летна школа, но и бројните други активности, целта на постоењето на ЕМСА е работење на доедукација на студентите надвор од пишаното во книга, насочување на нивното внимание на вистинскиот принцип  и функционирање на современата медицина и развивање на тимскиот дух. Па така, акцентот на работилниците е ставен кон примена на знаењата во пракса.

За таа цел на агендата наоваа Летна Школа може да се најдат:

  • Работилница на тема ургентни породувања предводена од проф. д-р Горан Димитров
  • Ургентни состојби во педијатријата предводена од проф. д-р Соња Бојаџиева
  • Ехо дијагностика на тироида предводена од проф. д-р Синиша Стојаноски,
  • Третман на изгореници предводен од проф. д-р Елизабета Мирчевска Жоговска
  • Трауматологија: работилница на тема Имобилизација предводен од доц. д-р Марко Спасов
  • Невролошки статус и дијагноза на мозочен удар предводен од асс.д-р Ирена Ѓорчева
  • Третман на предозираност предводен од почесниот гостин од САД, д-р Тим Гаул

Оваа година студентите пројавиле огромна заинтересираност за 12-та Летна школа

Тимот на ЕМСА истакна дека оваа година се позитивно изненадени од големата заинтересираност на студентите. Интерес има не само од Општа медицина, туку и од вишите струки при УКИМ, какмо и од студенти од УГД. Токму поради ваквата желба, пријавите беа затворени и недела дена порано од очекуваното. Од ЕМСА се надеваат на незаборавни пет дена дружба и едукација.

Дипломите од Македонија ќе бидат признати во цел Западен Балкан и обратно

“Ние како извшен координативен тим очекуваме дека нашиот труд ќе се исплати. Се надеваме дека секој учесник ќе понесе искуство од настанот, дека ќе ужива и ќе учи со забава. Сакаме и со овогодишната школа да докажеме дека ЕМСА се залага за студентите да се едуцираат и интегрираат, а воедно преку ваквите настани да вдахнеме барем тронка мотивација на студентите по медицина да продолжат онаму каде што тргнале кон висините на врвот на кариерата како идни доктори.“, вели Елиза.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?