ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.05.2022
Поголеми даноци за возилата на фосилни горива, а поволности за оние на струја?
Автор: Goce Author

Е.П.А. со предлог мерки и ограничувања кои треба да влијаат врз превозните средства кои го загадуваат воздухот. Неодамна администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден предложиле мерки со цел да се заштити воздухот. Потпретседателката Камала Харис го претставила предлогот, заедно со збирката на различни федерални правила за транспорт со превозни средства кои ќе бидат подобри за околината и ќе го намалат загадувањето. Ова се очекува да влијае на предлог одлуките и на државите низ целиот свет. Ограничувањата се однесуваат на поригорозни мерки за автомобилите на фосилни горива, а поволности за оние на електрична енергија.

Photo by CHUTTERSNAP on Unsplash

Дали ова е клучна година за електричните автомобили?

„Се проценува дека седумдесет и два милиони поединци живеат блиску до товарните патишта со камиони во САД. Поголема е веројатноста тоа се луѓе со помали приходи. Овие заедници директно се изложени на загадување на воздухот што предизвикува респираторни и кардиоваскуларни проблеми, како и други проблеми кои влијаат на нивната благосостојба. Со мерките кои ги предложивме драстично ќе се намали штетното загадување на воздухот.“, изјавил администраторот Мајкл С. Реган.

Според новите ограничувања се очекува да бидат спречени околу 2.100 предвремени смртни случаи, 6.700 приеми во болница и посети на одделот за итни случаи, 18.000 околности на бронхијална астма кај деца, 78.000 денови отсуство од работа поради болест и 1,1 милион отсуства од факултет поради болест, процениле од Е.П.А.

Видео кое го покажува сообраќајниот метеж – пред 100 години

Сепак камиоџиите се излегле со став дека овие ограничувања и новите мерки може да доведат до зголемени трошоци во економскиот систем.

„Се плашиме од таксата. Постои потенцијал на лоши влијанија врз економскиот систем и работните места.“ , изјавил Џед Мандел, претседател на Здружението на производители на камиони и мотори, трговска групација.

Photo by: globalonlinemony.com

Џеј Грајмс, директор за федерални работи за Здружението на непристрасни возачи на сопственици-оператори, изјавил дека новите ограничувања можат да бидат особено тешки за малите камионџии.

E.P.A. се залага за нови ограничувања за авто-загадувањето на воздухот, кои треба да се исполнат во следните 12 месеци, а со тоа се надеваат дека ќе се забрза транзицијата кон електрични автомобили. Бајден очекува дека половина од сите нови автомобили купени во Америка до 2030 година најверојатно ќе бидат електрични автомобили.

(Аудио) Силата на еден став
Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси