ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.10.2021
Еден ден во Гевгелија на гевгелијски

Ова е за Гевгелија на гевгелијски дијалект. Почнуваме серијал на текстови кои ќе го доближат дијалектот на Македонија до вас. Овој серијал го нарекуваме „Гоцевите маабети“ и тука ќе можете да прочитате теми кои се многу локални и работени на дијалект на местото од каде доаѓа. Се надеваме ќе биде забавно. Уживајте во првиот текст за Гевгелија на гевгелијски.

Фото: Спасе Манев

Вадин ќе ва рашшетме низ Гивгилија, градут шо е ного мирен, ного топал и тка нанаки, а коа ќе ојте на одмор за Грција, обавезно да застанте и да вијте за какво убаво место ви лафум.

Тука ќе ва пречекат се фини луѓе, насмеани и расположани за да ви објаснат ако нешто не веј јасно. Уф центарут има кафича дека шо може да си го испијте кавето на раат, а понанаки е и библиотекта па ако ви са чите може да прочитте и некоа книга.

Тука може да го проабте најубавто слатко од смокви и после ако веј тешко и са осеќте прејадано, јас викум да са испешачте до Вардарски рид и да вијте оти Гивгилија стварно е рамна кути тепсија, плус ем ќе ви олесне, ем ќе са надиште на в’здух. Сеа нема ного с’лнце па може да са шетте дек сакте и уф колко саат сакте, ама коа е лето, е тогаш не са испаѓе од домa.


Одблиску со Александра Терзиски „Фудбалот не е само машки спорт“


Фото: Спасе Манев

Што има во најтоплиот град?

Су право гу викат најтоплиот град во Македонија оти е пекол и стварно не са излеве. Друго шо може да вијте са Негорски Бањи, там има зеленило и убав вздух, па мислум оти арно ќе ви дојде и тоа.

Имме и ного казина и кладилници, ама за тоа друг пт ќе ви лафум, сеа баш не е моментут мислум. Ааа имме и утакмици чат пат, па ако и сакте кошаркарто на „Кожуф“ може да ојте на утакмица и да са извикте едно убаво, ептен ќе ви олесне и после ќе са осеќте кути нов чувек. Мирен и убав град кој шо ако не сте го посетиле тогаш морте, а ако не ма разбрате баш се шо ви кжах имме и книга дека шо са преведани сите наши зборчијна па може да си а побркте и да си а купте, ако немте кој да ви преведе. Кој не ми веруве, слободно нек дојде и нек виде оти се шо кжах е најстина. И на крај може да са сликте там на почеткут дек шо пише ГЕВГЕЛИЈА су големи букви и да си имте един убав успомен. Гевгелија на гевгелијски.

Фото: Спасе Манев

(Аудио) Силата на еден став
Какви ќе бидат политиките на Трамп кон Балканот?