ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
22.10.2021
Една кратовска поговорка вика Дека л’жата вечерала, туј не ос’мнуе

Продолжуваме со серијалот на текстови кои ќе го доближат дијалектот на Македонија до вас. Овој серијал го нарекуваме „Гоцевите маабети“ и тука ќе можете да прочитате теми кои се многу локални и работени на дијалект на местото од каде доаѓа. Се надеваме дека ви е забавно. Уживајте во текстот за Кратово на кратовски.

‘Кд ке ве фате мука и ‘кд ќе ви дојде преко глава како на мене овија д’нови, од обврски и стресови у живото, дојдете си у Кратово. Туј ќе си одморете како човек што би рекле стари. Уствари чекај да ви кажу куде се наваѓа Кратово за да не га промашете, затој што германци у втора светска војна ‘кд дошле после Пробиштип рекле дек туј е крај на свет, а уствари б’ш туј има мал, миран, обичан и природан свет.
Историју на овој градче е много богата. Почиња с’с неговото име Кратово, затој што се наваѓа у кратеро на едн угаснат вулкан, па од туј и името Кратово. Затој што е сместен у вулканско место многу е богат сос драгоцени камења, злато и сребро. ‘Кд било под турско ропство било ептен значајно место за турските султани, они доаѓaле туј за да зимат злато. Одпосле Кратово се развило и станало занаетчиски град, дури имало околе 400 занаетчиски, еснафски дуќани па много народ доаѓале да пазарует туј за домакинство.
У Кратово с’га има много стари кули и камени мостови, остатак од амам од турско време, борови стари околе триста години, да ги видете само високи и дебели да неможат трујца да ги опфанат, а зелени една дебела сенка под нима, кафанче у етно стил, абе милина.

Има много за посетување, туј нема сообраќај како у други места ни па фабрики што би га загадиле ваздухо, едноставно туј е како у рај. На времето имало много дванаес – тринаес кули, а с’га има само шес и секоја кула ‘га носе името на последнио газда: Симичева, Златкова, Крстева, Емин-Бегова, Хаџи-Костова и една само нема сопственик и е саат кула.


Има и шес моста изградени од камен и не са реновирани никад, такој са си од време, освен е’дн, Радин мост за кој има и легенда, ама тај легенда друг пут ќе ви гу раскажу. Другите мостови са Грофчански, Јокшиски и Аргулички мост што са поинтересни за посета. Исто ќе ви кажу и за едно село кратовско, Куклица. Туј има една интересна легенда ама и за тој друг пут. Многу убава црква имамо у Кратово ,,Свети Никола’’, тај ни е најстара у грат, ама затој најголема ни е ,,Свети Јован’’ која е посветена на обезглавувањето на Јован крстител. Имамо јоште една ,,Свети Ѓорги’’, тај е крстена по нашио патрон – заштитник на грат, Ѓорги Кратовски. Имамо и олимписки базент, еее на времето имаше многу свирки, народ, олипијада на пливачи… с’г малце е замрен ама надамо се дека ќе га оправат па да живне како порано. Башка има стари куќи од камен, а и чаршијата ни е таква со калдрма и онија занаетчиските дуќанчиња са напраени у бутици, книжари, ама јоште си имамо грнчар, и нови модерни дуќани сместени у старите градби.


Туј може пешки што викат за два саата да га прошеташ цел грат, ама ќе се задржеш цел дн затој што туј застани види, онам застани сликај се, овам иди на кафе, онам да апнеш и време пролете. Амааа едно јадење што има нигде на свет мислу дека нема да га најдете. Кратовска пастрамајка сос домашно винце и домашна клчена сол, мх мх…
Има много за кажување ама тој треба да дојде да се виде не се опишуе сос зборови. Затој ‘кд ќе ти скисне од све дојди си у Кратово на рехабилитација и врати се како нов.

Мојот Став: Колку чини еден студентски сон?
(Аудио) Мојот Став: Образование без редослед