ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
08.02.2022
Една може го организира првиот протест во историјата на Македонија посветен на самохраните мајки!
Автор: Goce Author

One Can како организација која се залага за заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на родовата еднаквост и женските права Ве поканува да учествувате и да го поддржите протестниот марш на 13.02.2022 година во Скопје со почеток од 13:00 часот со првична собирна локација од „Жена Парк“.  Мирниот марш ќе се движи регулирано се до Министерството за труд и социјална политика.

Од организацијата велат: „Со ова сакаме да ја искажеме и прикажеме сликата на самохраните и еднородителските семејства пред целата македонска јавност и сите чинители во македонското општество. Со задоволство Ве покануваме сите, без разлика дали сте самохрани родители, разведени партнери, индивидуи, поддрувачи, млади и возрасни, новинари и репортери, вработени и невработени, јавни личности и политичари. Темата за самохраните и еднородителските семејства не смее да биде табу! Не повеќе!“ – изјави Тања Кироска – Претседателка на One Can – Штип

Поводот за организирање на овој марш се дел од најголемите барања на нивните членки: почнувајќи од тоа дека треба да се зголеми социјалната помош, детски и образовен додаток да постои за сите деца од еднородителски семејства, да се превземат мерки за тоа социјалните центри и институциите да постапуваат согласно законските правила најчесто кога се одлучува кому ќе му припадне детето и по кој основ.

Линк: https://www.facebook.com/events/627953411828445

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?